Странските инвеститори и натаму будно ја следат вашата земја кога пројавуваат интерес за регионот, како и годишното рангирање на Светска банка, вели во честитката на Брнс.

Објавил: admin@magazin | 1 јануари, 2020 12:59

Честитка од американската амбасадорка: Странските инвеститори и натаму будно ја следат вашата земја

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Среќни празници и напредна година, во која нашето партнерство ќе продолжи да се развива”, вели амбасадорката на САД Кејт Брнс, во новогодишната честитка.

Таа вели дека Македонија продолжува да ја покажува својата подготвеност за почеток на преговорите за членство со ЕУ, со имплементирање на реформите, неопходни за процесот кој ќе го помогне напредокот и растот на земјата.

„Продолжува процесот на продлабочување и на билатералните односи. Во јуни бевте домаќини на најголемата воена вежба во историјата ,,Повратен удар”, во кои ја учествуваа единици од тука, од САД, Албанија, Бугарија, Литванија и Црна Гора. На почетокот на октомври, нашиот државен секретар го посети Охрид, каде ја искажа поддршката кон Македонија и се сретна со претседателот, премиерот и други претставници на власта. Како што наближуваше годината кон крај, имавте можност за соработка со вашите соседи, вашата економија се зацврстува и расте, со реални изгледи за натамошен регионален напредок.

 Странските инвеститори и натаму будно ја следат вашата земја кога пројавуваат интерес за регионот, како и годишното рангирање на Светска банка, вели во честитката Брнс.

Дури и туристичкиот водич ,,Travell Guide”им ја препорача на Американците и на другите светски патници да ја откријат убавината и културното наследство на трето место на светот меѓу топ дестинациите за 2020.

Знам дека сериозни предизвици остануваат и има уште многу да се направи, но правецот е позитивен и ветувачки и со надеж и оптимизам ви посакувам Среќни празници и напредна година, во која нашето партнерство ќе продолжи да се развива”, вели амбасадорката на САД во новогодишната честитка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.