петок, 19 април 2024

MK/ EN/ DE



На овој светол ден од македонската историја, им се заблагодаруваме и им оддаваме почит на сите знајни и незнајни херои од НОБ. По тој повод, делегации на ДОМ ќе положат цвеќе пред спомен-обележјата од НОБ во Скопје, Прилеп и Куманово.

Објавил: Владо Марин | 11 октомври, 2020 10:22

Честитка од ДОМ по повод 11 Октомври: На овој ден им оддаваме почит на сите знајни и незнајни херои од НОБ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Зелената партија ДОМ на сите граѓани им го честита 11 Октомври – Ден на востанието на македонскиот народ,се вели во соопштението.

На овој ден, во 1941 година, со акциите на партизанските одреди во Прилеп и Куманово, во Македонија започна антифашистичката народноослободителна борба.

Во борбата против фашизмот, обединети од иделите за слобода, еднаквост и правда, масовно се вклучија македонските граѓани од различна етничка, верска и социјална припадност и се изборија за слободна независна македонска држава.

На овој светол ден од македонската историја, им се заблагодаруваме и им оддаваме почит на сите знајни и незнајни херои од НОБ.

По тој повод, делегации на ДОМ ќе положат цвеќе пред спомен-обележјата од НОБ во Скопје, Прилеп и Куманово.

Нека ни е честит и вековит празникот на македонскиот непокор!

Демократска обнова на Македонија

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.