Христовото раѓање е нова просветлена иднина за човештвото. Да се радуваме на празникот на љубовта, единството и солидарноста, како највозвишени човечки особини. Да ја споделуваме радоста и да се заблагодариме за Божјата милост, за љубовта на Бога кон човечкиот род.

Објавил: admin@magazin | 25 декември, 2022 10:50

Честитка од министерот Спасовски по повод католички Божик

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Почитувани граѓани од католичка вероисповед,
Дозволете во свое лично име и во име на МВР да ви го честитам големиот христијански празник – Божик, со желби за здравје и радосни празнични мигови.

Христовото раѓање е нова просветлена иднина за човештвото.

Да се радуваме на празникот на љубовта, единството и солидарноста, како највозвишени човечки особини. Да ја споделуваме радоста и да се заблагодариме за Божјата милост, за љубовта на Бога кон човечкиот род.

Нека овој голем празник ни го осветли патот кон позитивните вредности и нè обедини, да се разбираме, да се почитуваме и да си помагаме едни на други, заедно да градиме мир во нашето општество.

Ви посакувам празничен период исполнет со хармонија и многу радосни моменти со најблиските.
Христос се роди! Среќен Божик!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести