Да продолжиме заеднички посветено да придонесуваме за одржлив и безбеден систем, за економски раст и развој и подобрување на животот на нашите граѓаните.

Објавил: Перо Милчин | 14 април, 2021 9:54

Честитка од министерот Спасовски по повод 29 години Царинска управа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Царинските работници се врската на нашата држава со светот, огледало за деловното опкружување на една земја, првичната перцепција на светот за нас и суштинска алка за унапредување на меѓународните економски односи, преку континуираните напори за олеснување на слободното движење на луѓе, стоки и услуги, вели во честитката во свое и во име на сите вработени во Министерството за внатрешни работи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повод Денот на Царината на Република Северна Македонија.

Во свое и во име на вработените во МВР ви го честитам Денот на Царината, имајќи во преден план дека царинските работници се врската на нашата држава со светот, огледало за деловното опкружување на една земја, првичната перцепција на светот за нас и суштинска алка за унапредување на меѓународните економски односи, преку континуираните напори за олеснување на слободното движење на луѓе, стоки и услуги.

Длабоко верувам дека, како во своето речиси тридецениско постоење, така и во годините пред нас, Царинската управа ќе продолжи со истата динамика да биде битен партнер на МВР и фактор во делот намалување на ризиците од закани и контрола и спречување на недозволената трговија со дрога, оружје, со акцизни и други стоки, како и на развој на структурно, кадровско, нормативно сообразување на своето функционирање, преку поедноставување, стандардизирање и хармонизирање на граничните постапки, во контекст на потребите на општеството и барањата што произлегуваат од сите регионални и меѓународни трендови на развој во царинското работење.

Да продолжиме заеднички посветено да придонесуваме за одржлив и безбеден систем, за економски раст и развој и подобрување на животот на нашите граѓаните, вели министерот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.