Иако ова не е нејзината главна дисциплина, најавува одлична претстојна сезона за неа, и очекуваме исполнување на норма за учество на Европското Првенство во нејзината специјалност 400 метри со пречки.Резултати – Национално првенство за Младинци У20 - Софија 25-26.01.2020

Објавил: Мате Парлоф | 2 февруари, 2020 12:43

ЧЕСТИТКИ: Дрита Ислами сруши рекорд стар 40 години! (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Честитки за нашата Дрита Ислами, после 40 години срушен рекорд на Елизабета Божиновска!

Во својот настап на Националното првенство за Сениори во Сала кое се одржува овој викенд во Софија / Бугарија, нашата најдобра Сениорка Дрита Ислами го собори националниот рекорд на Македонија на 400м со време 56.35 сек, рекорд стар 40 година со претходна сопственост на нашата атлетска ѕвезда Елизавета Божиновска, кој претходно изнесуваше 56.49 сек, објави Атлетската Федерација на Македонија.

Иако ова не е нејзината главна дисциплина, најавува одлична претстојна сезона за неа, и очекуваме исполнување на норма за учество на Европското Првенство во нејзината специјалност 400 метри со пречки.

Атлетската федерација на Македонија учествуваше исто така на Национално првенство на Бугарија за Младинци У20 кое се одржа на 25-26.01.2020г. во Софија , со своите атлетичари и ги постигна следниве резултати по дисциплини :

Јован Стојоски на 400м – 48.14
Дрита Ислами на 400м – 56.62
Гала Урдаревска на далечина – 5.14
Берат Мустафа на 400м – 53.26
Бранимир Зенговски на 400м – 59.61
Филип Милановски на 400м – 55.64
Ирма Хајдари на 400м – 68.19
Анеса Хајдари на 400м – 59.54
Бранимир Зенговски на 60м – 7.92
Гала Урдаревска на 60м – 8.58
Камелија Кајчевска на 60м – 8.80
Јован Стојоски на 60м – 7.00
Адриан Исмаили на 60м – 7.17
Александар Минев на 60м – 7.49
Ана Божиновска на 60м – 8.37
Марија Дувлис на 60м пречки – 10.51
Дијана Вукановиќ на 60м пречки – 10.61
Муџахид Муслимоски на 800м – 2.04.19
Павле Јовановски на 800м – 2.11.54
Филип Милановски на 800м – 2.04.97
Мариа Томиќ на далечина – 4.46
Муџахид Муслимоски на 1500м – 4.13.54
Игор Јакимовски на 1500м – 4.36.12
Мартин Милошевски на 1500м – 4.18.24

Национално првенство за Младинци У20 – Софија 25-26.01.2020 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од МакСпорт

„Претседателот на Националната пливачка федерација информираше дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон кој традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата и ги образложи причините поради кои е донесена таа одлука, а се поврзани со блокираната сметка на федерацијата и финансиското

„Срамна е одлуката за неодржување на Охридскиот маратон!“

Охридскиот пливачки маратон оваа година нема да се одржи. Причината е блокираната...

По тој повод Агенцијата организираше прес конференција на која освен директорот на Агенцијата Наумче Мојсовски говореа и претседателот на е-федерацијата Бобан Тотовски и советникот за млади во Владата на Република Македонија Ѓорѓи Тасев

Е-спортот стана официјален спорт во земјава

Уште една федерација стана дел од семејството на Агенцијата за млади и спорт. Современиот...

Македонскиот таеквондист доби 10.000 евра награда и олимписка стипендија од МОК по 1.000 долари месечно, а од град Скопје уште 5.000 евра награда за големиот успех што го постигна во Токио.

Георгиевски на прием кај Заев, доби уште 800.000 денари плус награда за среброто!

Новиот македонски херој Дејан Георгиевски кој донесе сребро од Летните Олимписки...

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски на прес-конференцијата нагласи дека измината година реализацијата на ваучерите, иако во време на КОВИД-19, е висока и изнесува 89%.

Секоја година расте интересот за ваучерскиот систем за поддршка на спортистите, во 2020 година 677 компании донирале 547,7 милиони денари

„Мерката ваучер систем овозможува 10 милиони евра годишно да се донираат кај спортските...