ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!

Објавил: Перо Милчин | 23 октомври, 2020 6:30

ЧЕСТИТ 23 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС!

ЧЕСТИТ 23 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА!

23 октомври 2020 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) упатува искрени честитки до Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и во Републиката, по повод државниот празник 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

На денешен ден 1893 година, во куќата на Иван Хаџи Николов во македонскиот град Солун, Македонците д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев ја формирале Македонската револуционерна организација (В)МРО, како почеток на македонското револуционерно движење за ослободување и возобновување на државноста на Македонија.

Илинденското востание со Македонската Република во Крушево од 2 август 1903 година, преку Народно-ослободителната и антифашистичката борба на Mакедонскиот народ во Втората светска војна со АСНОМ од 2 август 1944 година во македонскиот манастир “Свети отец Прохор Пчињски“, референдумот од 8 септември 1991 година кога Македонците по род и државјанство, 80% од вкупниот број запишани избирачи гласаа “За суверена и самостојна држава Македонија“, без додавки и без придавки, и референдумот од 30 септември 2018 година кога две третини од вкупниот број запишани избирачи не гласаа за членство на Македонија во ЕУ и НАТО и Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, претставуваат континуитет на македонската многувековна борба за слободна и обединета Македонска држава!

Во името на сите знајни и незнајни јунаци и борци за слободата и обединувањето на Македонија, СМК бара прогласување ништовност на Спогодбата Димитров-Коѕиас и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“ како јасна разлика од истоимената северна провинција во Грција и југо-западна провинција во Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик (Republika Makedonija) туку на англиски јазик “Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик на англиски јазик Macedonian people и Macedonian language и покрај историските хипотеки – окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година кој трае до денес.

Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот во и Републиката, го отфрлаат пристапувањето на Македонија во сојуз со Европската унија и НАТО Алијансата, поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на името, јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија.

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!

Македонија вечна од исконот до бескрајот! Никогаш северна, само Македонија!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани