Во Скопје и околината времето ќе биде промелниво облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на НЕВРЕМЕ со град. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 27 степени.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 август, 2020 9:34

Чести врнежи и грмежи, и опасност од локални поплавувања- температури до 31 степен

Фото/Текст извор: ©фокус.мк

Денес времето во нашата држава ќе биде променливо облачно и нестабилно во поголемиот дел од државава со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално, процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со облилен пороен дожд (над 30 л/м2) и истиот може да услови локални поплавувања, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Максималните дневни температури ќе бидат пониски во одност на вчерашните за 7 до 8 степени и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 31 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде промелниво облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на НЕВРЕМЕ со град. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 27 степени.

Потоа во следните денови ќе биде доста нестабилно, со честа појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално, процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Од денес па натаму, во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, додека овчарите своите овци да ги делат во помали групи, со цел да ги заштитат. Исто така, поради локално ЗНАЧИТЕЛНОТО количество на воден талог во следниот период, кое може да надмине и 60 л/м2, постои опасност од локални поплавувања, па затоа ВНИМАНИЕ.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...