Трамп инсистира на тоа дека претседателските избори во САД се наместени

Објавил: Едмонд Бекири | 7 јануари, 2021 9:42

ЧЕТИРИ УБИЕНИ ВО УПАДОТ НА ПРИВРЗАНИЦИТЕ НА ТРАМП ВО ЗГРАДАТА НА КОНГРЕСОТ

Фото/Текст извор: ©DW.COM

Полицијата на Вашингтон потврди дека четири лица се убиени при вчерашниот упад на приврзаниците на Доналд Трамп во зградата на американскиот Конгрес, прекинувајќи ја седницата на која требаше да се потврди победата на Џо Бајден на претседателските избори.

Досега е потврден идентитетот на само една жртва: воената ветеранка Ешли Бабит од Сан Диего била застрелана од полицаец кога со група луѓе се обидела да упадне во Претставничкиот дом. Полицијата кажа дека се убиени уште една жена и двајца мажи. Повредени се и неколкумина полицајци, од кои еден бил превезен во болница.

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, го повтори тврдењето дека претседателските избори одржани на 3 ноември биле наместени, на митингот во Џорџија ден пред вториот круг избори за претставници во Сенатот од таа сојузна држава, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Нема шанси да имаме изгубено во Џорџија. Нема шанси. Тоа беа наместени избори“, им рече Трамп на приврзаниците во воведните зборови. „Имав два избора. И првите и вторите ги добив.“
И покрај победата на Џо Бајден во претседателската трка, Трамп досега одбиваше да го признае поразот и последните два месеци ги помина во оспорување на резултатот.
„Ако либералните демократи го заземат Сенатот и Белата куќа – а нема да ја преземаат оваа Бела куќа. Ќе се бориме жестоко“, рече Трамп.
Вториот круг избори за Сенатот ќе ја одредат судбината на Горниот дом на Конгресот. Има две трки: првата е меѓу републиканскиот сенатор Дејвид Пердју и неговиот демократски ривал Џон Ософ, додека втората е меѓу републиканскиот сенатор Кели Лофлер и од редот на демократите, свештеникот Рафаел Варнок.
Доколку демократите победат на изборите, ќе добијат две места во Сенатот, што може да биде предност за Бајден и демократите за усвојување на законите во новиот мандат.

„Нема шанси да имаме изгубено во Џорџија. Освоивме стотици илјади гласови“, рече Трамп за време на саботниот повик и го замоли Рафенспергер да најде 11.780 гласови за да го победи неговиот демократски противкандидат Бајден.

Полицијата употребила солзавец против толпата во Капитол и зградата била обезбедена непосредно пред во Вашингтон да стапи на сила полициски час, на полноќ по македонско време. Уапсени се 52 лица, а пронајдени се и две импровизирани експлозивни направи, во седиштата на националните комитети на Демократите и Републиканците.

Членовите на Сенатот и на Претставничкиот дом, кои беа евакуирани откако толпата упадна во Конгресот, ја продолжија заедничката седница неколку часа по расчистувањето на ситуацијата и досега се одбиени сите приговори на изборните резултати поднесени од Републиканците.

Трамп, на вчерашниот митинг пред Белата куќа, ги повтори неговите тврдења дека му била украдена победата на претседателските избори. За време на упадот во Конгресот, Трамп објави кусо видео на социјалните мрежи во кое им се обрати на демонстрантите, им рече дека ги сака и дека се „многу специјални“, но дека треба да си одат дома.

Видеото набрзо беше избришано од социјалните мрежи, а Фејсбук, Твитер и Инстаграм ги суспендираа неговите профили, поради, како што кажаа компаниите, поттикнување насилство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести