Благодарност за поддршката од мојата партија, моите пријатели и револтираните граѓани! По 4 часа психичко малтретирање излегов од полициската станица во Ново Лисиче.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 февруари, 2019 18:54

Членовите на УМС на ВМРО ДПМНЕ со закани од полицијата „Знаете ли вие кој е Зоран Заев„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Петар Миовски организациониот секретар на УМС на ВМРО ДПМНЕ, кој утрово беше уапсен со други млади од партијата, поради наводно цртање на графити, на својата Фејсбук страница напиша статус дека полицијата 4 часа психички ги малтретирала во полициската станица.

Како што пишуваат медиумите, тој заедно со други членови на УМС на ВМРО ДПМНЕ, утрово со полиција од своите домови беа приведени во полициска станица во Ново Лисиче, за некакво цртање на графити во Аеродром. Тој и најголем дел од членството на УМС на ВМРО ДПМНЕ биле приведени пред семејствата и однесени во полициската станица.

Петар Миовски кој е организационен секретар на УМС на ВМРО ДПМНЕ на својата Фејсбук страница напиша статус, во кој ја обвинува полицијата и власта  предводена од премиерот Заев, дека тие се приведени за една обична глупост и дека никогаш нема да им простат, бидејќи тие биле апсени пред нивните семејства како најголеми криминалци.

Ви го претставуваме во целост неговиот статус на социјалната мрежа Фејсбук :

Петар Миовски кој е огранизационен секретар на УМС на ВМРО ДПМНЕ, и најголем дел од членството на УМС на ВМРО ДПМНЕ, утрово биле приведени во полициската станица, за некое наводно цртање на графити во Аеродром.

Крвави ти се рацете Заев!!!

Благодарност за поддршката од мојата партија, моите пријатели и револтираните граѓани! По 4 часа психичко малтретирање излегов од полициската станица во Ново Лисиче.
Утринава, четворица полицајци дојдоа во мојот дом да ме бараат затоа што во петокот некој напишал графит во Аеродром на кој пишува “Крвави ти се рацете Заев!”.

Јас во петокот не бев во Скопје туку на терен со моите сопартијци во Прилеп и Битола, ама тоа за криминалниот авторитарен режим е неважно.
“Знаеш ли ти кој е Зоран Заев па така што пишуваш”, ми рече еден од полицајците во станицата. Да, го знам и крвави му се рацете иако јас не сум го напишал графитот.

Ме лажеа дека ме имало на камера, иако потсетувам дека не сум бил ни во Скопје.
На крај се заврши, јас и моите браќа од УМС Аеродром излеговме од станицата, драмите со полиции по дома за една обична глупост и немирот и траумите низ кои поминуваа нашите семејства кои гледаа како не третираат како најголеми криминалци а не млади луѓе кои се борат за подобар живот во Македонија – нема да ви ги простиме.
Не ви се плашиме!
Да живее УМС!
Да живее ВМРО-ДПМНЕ!
Да живее Македонија!
Фејсбук објава на организациониот секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Миовски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести