Грците не прифаќаат Преспански договор ако во Уставот остани член 36, сопартијците на Заев негодуваат дека партијата го уништува историскиот континуитет на Македонската држава

Објавил: Мартин Попоски | 6 ноември, 2018 10:23

Членот 36 ќе му пресуди и на Заев и на Преспанскиот договор

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Врие на грчката политичка сцена, сите политички партии се гневни на премиерот Ципрас што дозволил Македонија и Македонската нација да останат запишани во Уставот на Северна Република Македонија.

Први се огласија од опозиционата Нова Демократија.

Одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, смета дека предлогот на македонската Влада за уставни амандмани го прави “уште полош и онака лошиот Договор од Преспа” и паралелно бара од грчката Влада да излезе со став дали се согласува или не со предлогот на Заев.

Предлогот на Заев за ревизија на Уставот на соседната земја го прави уште полош и така лошиот Договор од Преспа. Го задржува членот 36 што не само што го одржува, туку и го поттикнува иредентизмот. Исто така, го потврдува инсистирањето на Скопје за постоење на наводна “македонска нација“. Иако владата го тврди спротивното треба веднаш да ја разјасни нејзината позиција. Се согласува или не со содржината на предлогот на Заев. – вели Јоргос Кумуцакос.

Ципрас нема проблем само со се повеќе извесната идна владеачка партија во Грција. Партијата која е коалиционен партнер во Владата, Независни Грци на министерот за одбрана Панос Каменос молчат.

Според дипломатски извори се врши премер дали да се реагира остро или да се падне владата и да се оди на предвремени избори.

Отворен е и фронтот со Грчката православна црква, која Ципрас сака со 30 интервенции на исто толку членови од грчкиот Устав да ја избрише како државотворен елемент и да ја прогласи Грција за секуларна држава.

Членот 36 поради кој Преспанскиот договор ќе падне гласи:

Републиката им гарантира посебни социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија, на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, како и на членовите на нивните семејства кои немаат можности заматеријална и социјална егзистенција. Посебните права се уредуваат со закон.

Заев за дополнителни амандмани со кои би се регулирал гнево кај грчката страна се консултирал и истакната професори, кои возвратиле дека Владата добила 2/3 мнозинска поддршка за четирите нацрт уставни амандмани, и дека опции за интервенции сега нема.

Воедно од партиски извори дознаваме дека врие и во СДСМ.

Партијата која е наследник ја Комунистичката партија на Македонија сега е негатор на АСНОМ, АВНОЈ, Титова Југославија, НОБ и Првоборците. Истакната поранешни членови и функционери веќе му посочиле на Заев дека со овие измени нема да ја има ни довербата на органите на партијата но ни на дел од пратениците.

Правно членот не може да се корегира, а тоа е уредено со Деловникот за работа на законодавниот дом, поточно во Член 198 и неговите 5 ставови во кои јасно е посочено дека пратениците може да дискутираат по веќе изгласаните нацрт амандмани, но никој не смее да поднесува нови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести