Веста ја објавија британските медиуми повикувајќи се на неименувани извори од кралската палата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 март, 2020 16:02

Член на послугата на Кралицата Елизабета позитивен на Коронавирус!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Еден од членовите на послугата, кој бил во близок контакт со британската кралица Елизабета Втора, бил позитивен на вирусот коронац и, наводно, бил испратен дома во самоизолација.

Веста ја објавија британските медиуми повикувајќи се на неименувани извори од кралската палата.

“Сите се преплашени, не само за себе, туку и за кралицата и војводата. Ако сите околу нив сè уште не се тестирани, тие треба да бидат и јас сум сигурен дека ќе бидат. Во моментов има опипливо чувство на страв во воздухот”, изјави неименуван извор.

Се тврди дека слугинката, чија должност, меѓу другото, била да донесе пијалоци и оброци на 93-годишната кралица, да доставува писма и да ги шета нејзините кучиња.

Претходно во медиумите беше објавено дека принцот Чарлс е заразен од Коронавирус!

Според првичните информации, тој се чувствува добро.

“Тој има благи симптоми, но инаку е во добра здравствена состојба и последните неколку дена работи од дома, како и обично. Војвотката од Корнвел исто така е тестирана, но не е позитивна на коронавирус. Таа и принцот Чарлс се во самоизолација во својот дом во Шкотска “.

„Невозможно е да се утврди од кого принцот го фатил вирусот заради големиот број ангажмани што ги извршувал во својата јавна улога во последните неколку недели“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.