Таков човек е Халил Кастрати од Косово кој несебично помага на оние на кого им е најпотребно. Тој е хуманитарец со големо срце по повод празникот Рамазан ќе нахрани над 300 лица.

Објавил: Весна Петровска | 10 мај, 2019 16:54

Човекот кој ја враќа надежта: Хуманитарецот Халил гради 100 нови куќи и храни 300 лица по повод Рамазан

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Се поголем број на лица несебично помагаат и тоа е единственото нешто вредно кај човекот, да сподели нешто со некој друг. По добрите дела и љубовта која ја шери се гледа колку е голем човекот.

Таков човек е Халил Кастрати од Косово кој несебично помага на оние на кого им е најпотребно. Тој е хуманитарец со големо срце по повод празникот Рамазан ќе нахрани над 300 лица.

За да биде уште поголема хуманоста и несебичноста на овој човек тој се залага да изгради 100 нови станови за лицата со социјална помош и да успее да им ја врати насмевката на оние кои ја изгубиле надежта за топл дом.

Тој на својот фејсбук-профил најави изградба на 100 нови куќи.

Халил Кастрати

– Ве известуваме дека започнува изградбата на 15 нови куќи. Ова се првите 15 куќи на третиот ден од Рамазан, а само овој месец ќе почнеме 100 нови куќи за 100 фамилии што имаат потреба од нив – напиша Кастрати на „Фејсбук“.

Освен куќите, хуманитарецот и организацијата што тој ја раководи, наречена „Балкански сираци“, по повод Рамазан, соопштија дека во нивната кујна секој ден до крајот на светиот месец ќе може да се хранат 310 лица.

Пред неколку месеци, по повод Денот на независноста на Албанија, 28 Ноември, подари 28 дома. Тој им помага на луѓе не само од Косово, туку и од земјите од регионот, вклучително и Македонија.

Хуманата мисија на Халил носи една нова надеж кај оние на кои им е најпотребно и да не се плашат да се соочат со секојдневието и потрагата на нивните соништа, зошто секој заслужува подобро утре.

Оваа инспиративна приказна нека ги моитвира и другите луѓе кои можат да направат нешто добро за ранливата категорија на граѓани во земјава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.