Чомовски ќе остане запаметен по изјавата на ТВ Телма дека македонскиот јазик е фашизоиден!

Објавил: Данаил Михајловски | 22 ноември, 2018 23:44

Чомовски, слепо пристрасен или корумпиран новинар?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Новинарите би требало да се објективни, да бидат балансирани во прашањата кон гостинот во емисијата, да бидат се разбира и критични, а со таквиот пристап да му дадат можност на гледачот да донесе сопствен заклучок за говорникот и за темите.

Но, разбирливо е и што некои новинари имаат одредена наклонетост кон една или друга политичка опција, или се за или против одредена социјална тема. Сепак, после интервјуто кое вечерва Чомовски го водеше со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, на телевизијата 1ТВ во сопственост на Боки13, македонското новинарство доби нова мерна единица во новинарството: објективен новинар, наклонет новинар, пристрасен новинар и слепо пристрасен Чомовски. Од цели 100 минути интервју со првиот човек на опозицијата, Чомовски 95 минути прашуваше за Груевски, си презентираше хипотези за тоа кој е криминалец според СЈО, и на јавноста се обидуваше како најважни да и ги наметне темите за (не)сторените пропусти на владата на Груевски од пред три, пет или осум години, и партиските позиции за ланскиот снег. Накратко, ќе направиме една мала споредба за тоа кои прашања го интересираат Чомовски, а кои прашања не ги постави, а според тоа вие донесете заклучок дали се работи за објективен, пристрасен или политички корумпиран новинар.

Чомовски праша дали Мицкоски разговарал со Орбан за бегството на Груевски, но заборави да праша дали министерот Спасовски и премиерот Заев знаеле или требало да знаат дека Груевски има план за Будимпешта и зошто полицијата го преспа викендот пред бегството, глумејќи дека го бара низ Скопје?

Чомовски праша дали Мицкоски се согласувал со начинот на работа на “сваровски“ судството, но не праша дали ослободителната пресуда во случајот “Поткуп“ за Заев може да се смета за политичка награда или за слепа правда?

Чомовски праша дали Мицкоски се согласувал со начинот на работа на “сваровски“ судството, но не праша дали ослободителната пресуда во случајот “Поткуп“ за Заев може да се смета за политичка награда или за слепа правда? Чомовски станува повеќе политичар отколку новинар. Се гледа дека му недостига Груевски и старите теми, а дека не е спремен за прашања и дискусија за реалните проблеми на секојдневието. Се гледа дека хонорарот од Боки13 во 1ТВ му е поважен од објективноста спрема гледачите. Или накусо, се гледа дека на транзициониот новинар Чомовски, време му е за пензија!

Чомовски се интересираше за тоа дали Мицкоски се слушнал со Боркица и Надежда Груевска после аферата со бегството, но не му текна да праша дали некој се слушнал со незадоволните лекари кои и две години од владееењето на Заев сеуште ги чекаат ветените 100.000 денари месечна плата?

Чомовски праша дали не е срамота што влезната порта на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ била дивоградба, но не му текна да праша дали не е срамота што осудениот шверцер на цигари и пријател на Заев, градоначалникот на Ново Село, Боро Марлборо, и покрај пресудата судовите и обвинителството одлучиле дека не мора да ја одлежи казната затвор?

Чомовски праша за тоа каков би бил договорот за името што хипотетички би го склучиле Мицкоски и Мицотакис, но заборави да праша зошто Договорот од Преспа незаконито се турка кон уставни измени, спротивно на референдумската воља на народот?

Чомовски праша дали и што Мицкоски разговарал на неговата последна средба со Груевски, но заборави да праша кога премиерот Заев ја имал последната средба со јаболкарите од Преспа, на кои пред изборите им ветуваше високи откупни цени, а сега истите ги фрлаат јаболката по ливадите, бидејќи за 0,5 денари по килограм не им се исплаќа да ги носат ниту до пазар?

Чомовски праша дали Мицкоски ги смета за виновни лицата против кои СЈО покренува обвиненија од политички причини, но заборави да праша дали е криминал или корупција тоа што тендерите од три милиони евра директорката на Хематологија, Д-р Ирина Пановска, ги добил нејзиниот татко Златко Пановски, сопственик на веледрогеријата “Пановски“

Чомовски праша за сметките на Груевски (за кои патем УЈП “заборавила“ да ги провери), но заборави да праша како се сметките на граѓаните со дупло поскапена нафта заради повисоката акциза, со поскапен паркин и со зголемена сиромаштија кај 20.000 граѓани во државата?

Се на се, Чомовски повеќе станува политичар, а помалку новинар. Се гледа дека му недостига Груевски и старите теми, а дека не е спремен за прашања и дискусија за реалните проблеми на секојдневието. Се гледа дека хонорарот од Боки13 во 1ТВ му е поважен од објективноста спрема гледачите. Или накусо, се гледа дека на транзициониот новинар Чомовски, време му е за пензија!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.