Оваа билка се користи во народната медицина, за многу делотворни лекови. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 април, 2022 6:16

Чувар куќа- билка која е универзален лек за многу болести

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Сигурно до сега сте слушнале за чувар куќа, растението со исцелителни моќи кое отсекогаш се сметало за заштитник на домот и семејството.

Латинското име на оваа билка е Semprevivum tectorum што во превод значи „оној што живее на покривите засекогаш“, а името потекнува од старото народно верување дека ја заштитува куќата од громови и бури. 

Се користи за лекување на цревни заболувања, проблеми со грлото и ушите, и се препорачува за намалување на шеќерот во крвта.

Оваа билка се користи во народната медицина, за многу делотворни лекови. Билката чувар куќа се користи и за надворешна и за внатрешна употреба.

Од низата лековити својства кои се препишуваат на оваа билка, најпознато е тоа дека го елиминира вишокот на маснотија од ушните канали. Најчесто се користи за болно уво, односно лечи ушни инфекции. Преполовете неколку ливчиња од Чувар куќа и исцедете две до три капки сок во болното уво. Оставете ја течноста да делува неколку минути, а потоа свртете ја главата за течноста да истече од ушната шуплина.

Ова растение има анти-воспалителни и антисептични својства. Како лек, најчесто се конзумира во форма на сок или чај, а често се комбинира со мед.

Познато е дека оваа билка може да ги намали цистите и миомите на матката. Во таков случај, билката се користи како додаток во мед, и се конзумира континуирано 20 дена. Доколку тогаш цистата не се намали, препорачливо е медот да се конзумира уште еден месец.

Треба да знаете дека чувар куќата не треба да се користи за внатрешна употреба кај бремени жени, доилки и кај мали дечиња.

Подготовка на чај од чувар куќа: Во 250 мл. вода се варат 10 свежи и 12 сушени листови. Чајот врие 15 минути и се пие следното утро една чаша, а по една лажица понатаму на секој час.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...