Како една од актуелните теми се и активностите поврзани со илегалната миграција.

Објавил: Владо Марин | 11 јуни, 2020 8:19

ЧУЛЕВ: Го запознав Амбасадорот Жбогар за зголемениот број случаи на криумчарење мигранти и илегална миграција во Македонија!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Вчера министерот Наќе Чулев оствари работна средба со Амбасадорот на ЕУ Н.Е. Самуел Жбогар, на која разговараа за предизвиците со кои се соочува Министерството за внатрешни работи во своето работење.

Како една од актуелните теми се и активностите поврзани со илегалната миграција.

Го запознав Амбасадорот Жбогар за зголемениот број случаи на криумчарење мигранти и илегална миграција, како и мерките кои Министерството за внатрешни работи ги презема во насока на спречување на овој феномен, за што упатив на неопходна интензивна соработка со сите засегнати земји, особено со земјите од регионот.

Вчера министерот Наќе Чулев оствари работна средба со Амбасадорот на ЕУ Н.Е. Самуел Жбогар, на која разговараа за предизвиците со кои се соочува Министерството за внатрешни работи во своето работење.

За време на средбата беше разговарано и за активностите на Министерството за внатрешни работи во спроведување на мерките за заштита на населението од коронавирусот. Во таа насока не помалку важна е и најавата за одржување парламентарни избори, особено што се предлага од страна на власта тие да се одржат за време на пандемија на коронавирус.

Во тој контекст, потенцирав дека е потребно време и ресурси за нивно одржување, особено на предизборниот процес, односно присуството на доволен број претставници на набљудувачката мисија на ОДИХР, вели Чулев!

Во рамки на целокупниот тој процес, недостасува и изготвувањето на официјален Протокол за време на избори, врз основа на кој е потребно да се одржат низа обуки за вработените во МВР кои ќе бидат ангажирани во овој изборниот процес, што дополнително одзема време и ресурси, а ќе биде во прилог на успешно спроведување на своите активности.

 Заеднички заклучивме дека во надминувањето на сите предизвици е неопходна интензивна меѓуинституционална соработка, поткрепена со успешни препораки на меѓународната заедница, во насока на успешно справување со истите, тврди министерот Чулев!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.