Согласно годишниот план за редовни активности, припадниците на МВР извршувале тренажен лет.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 мај, 2020 13:25

Чулев го потврди падот на хеликоптерот: ЖАЛАМ ЗА НЕЗГОДАТА!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес околу 11.30 часот пријавено е дека на стара платформа до Полициската станица на Г.П. „Меѓународен Аеродром Скопје“ од кога наполнил гориво хеликоптер на МВР M 17 се превртел.

Во него биле пет лица, а кај едно лице се утврдени лесни телесни повреди.

Согласно годишниот план за редовни активности, припадниците на МВР извршувале тренажен лет, изјави министерот Наќе Чулев.

Согласно годишниот план за редовни активности, припадниците на МВР извршувале тренажен лет.

Министерството за внатрешни работи, согласно Законот за воздухопловство ќе ги преземе сите неопходни мерки, а во соработка со Агенција за цивилна и воздушна пловидба ќе се формира комисија која ќе треба во целост да ги утврди фактите и околностите под кои се случил настанот.

Жалам за незгодата, но позитивна вест е фактот дека во истата нема жртви или повредени со потешки повреди, напиша на социјалните мрежи министерот Чулев.

Утринава на Скопскиот аеродром се случил инцидент при слетување на полициски хеликоптер. Во инцидентот нема сериозно повредени повредени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...