„Не знам, тоа ќе видиме како ќе биде текот на кампањата. Ние како МВР располагаме со оперативни информации дека одредени криминални структури ќе бидат искористени за вршење поткуп и притисок да се гласа, меѓутоа работиме на терен“, рече Чулев.

Објавил: Владо Марин | 27 јуни, 2020 11:51

Чулев: Имаме информации дека криминални структури ќе вршат поткуп и притисок врз гласачи

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во вчерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија министерот Наќе Чулев истакна дека Министерството за внатрешни работи располага со оперативни информации кои говорат дека одредени криминални структури ќе бидат искористени за вршење поткуп и притисок врз гласачите и во таа насока Министерството за внатрешни работи презема соодветни активности на терен.

 Очекувам изборите да бидат фер и демократски и ги повикувам граѓаните да се воздржат од поткуп и да не подлегнуваат на провокации од политички партии и криминалните структури, бидејќи тоа ќе биде најстрого казнето“, истакна Чулев.

Министерството за внатрешни работи има информации дека одредени криминални структури ќе бидат искористени за вршење поткуп и притисок врз гласачите, рече министерот Наќе Чулев во гостување на Канал 5, одговарајќи на прашањето дали очекува фер избори и дали кој и да изгуби ќе треба да ги признае резултатите, без оспорување на процесот.

„Не знам, тоа ќе видиме како ќе биде текот на кампањата. Ние како МВР располагаме со оперативни информации дека одредени криминални структури ќе бидат искористени за вршење поткуп и притисок да се гласа, меѓутоа работиме на терен“, рече Чулев.

На прашањето дали очекува да ја задржи функцијата ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, Чулев порача:

„Она што очекувам е изборите пред се да поминат фер, мирно и демократски и да нема било какви изборни нерегуларности. Јас ги повикувам граѓаните да се воздржат од било каков поткуп, да не подлегнуваат на провокации од политичките партии или криминалните структури, бидејќи ќе бидат најстрого санкционирани. Пардон нема да има“, рече Чулев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...