Согласно пријавата доставена до Министерството за внатрешни работи, претходниот директор и потесното раководството на РЕК Битола сториле кривични дела злоупотреба на службената положба и изнуда од правно лице кое на законски начин врз основа на законска постапка за јавна набавка склучило договор за извршување услуги со РЕК Битола.

Објавил: Владо Марин | 19 јуни, 2020 13:24

Чулев: Кривична за Васко Ковачевски за рекетирање фирма за ископ во РЕК Битола

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска беше во работна посета на Битола. Во изјава за медиумите вели дека сегашниот директор на ЕСМ истовремено и висок функционер на СДСМ ќе заработи кривична пријава поради рекетирање на фирма за ископ во РЕК Битола.

Во рамки на изјавата за медиумите ја информираше јавноста за постапувањето на Одделот за организиран криминал по пријава која се однесува на претходниот директор на РЕК Битола, а сегашен директор на ЕСМ, а истовремено и висок функционер на СДСМ.

Согласно пријавата доставена до Министерството за внатрешни работи, претходниот директор и потесното раководството на РЕК Битола сториле кривични дела злоупотреба на службената положба и изнуда од правно лице кое на законски начин врз основа на законска постапка за јавна набавка склучило договор за извршување услуги со РЕК Битола.

За конкретниот случај од страна на Одделот за организиран криминал доставено е известување до Основото јавно обвинителство кое треба да даде насоки за целосно расчитување на овој случај. Го повикувам ОЈО да постапи по известувањата доставени од наша страна, а во насока на целосно расчитување и документирање на случајот, вели Чулев!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...