Колку и да сакаат да сокријат, повеќе од јасно е дека поткуп има во Штип со личните карти, вчера во Дојран претставници на СДСМ се фатени како поткупуваат гласачи, а во тек е оперативно постапување и за други случаи. Ова покажува дека високи функционери на СДСМ се инволвирани во изборен поткуп.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 јули, 2020 19:15

Чулев: СДСМ подготвува сценарио со поткупување на гласачи и изборни нерегуларности

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата предводена од Оливер Спасовски се подготвува за изборен поткуп и во таа насока денес, во момент кога дел од граѓаните го остваруваат гласачкото право, беа поништени 20 решенија и наредби за распоредување на вработени во Министерството за внатрешни работи, а потпишани од моја страна. Ова е сериозен индикатор дека владејачката СДСМ подготвува сценарио за изборен криминал со поткупување на гласачи и изборни нерегуларности. Но, ова сценарио нема да им помине, објави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Претходно во периодот од 2013-та до 2017-та година бил директор на Агенцијата за разузнавање. Од 2017-та до 2019-та генерален помошник на директорот на Агенцијата за разузнавање. Воедно во 2017-та година бил и предавач на Академијата за судии и јавни обвинители.
Работел и како советник во Агенцијата, а бил и прв секретар во амбасадата на Република Македонија во Анкара, Турција од 2003-та до 2007-ма година. Наќе Чулев е 47 години, роден е во Кавадарци.

Граѓаните треба да бидат сигурни дека ваквите незаконски постапки на владата, ниту ќе не поколебаат или пак одвлечат од решеноста да го спречиме изборниот поткуп и во таа насока уште еднаш потенцирам дека секој еден кој ќе влијае врз гласачите ќе биде најостро санкциониран. 20 полициски службеници помалку, се ништо наспроти силната волја и решеност да ставиме крај на криминалното работење на СДСМ.

Колку и да сакаат да сокријат, повеќе од јасно е дека поткуп има во Штип со личните карти, вчера во Дојран претставници на СДСМ се фатени како поткупуваат гласачи, а во тек е оперативно постапување и за други случаи. Ова покажува дека високи функционери на СДСМ се инволвирани во изборен поткуп.

Полициските службеници активно работат на терен и ги охрабрувам и понатаму најприфесионално и непристрасно да интервенираат секаде, онаму каде што ќе забележат индиции за поткупување на гласачите. А до гласачите апелирам да не подлегнуваат на било какви притисоци, уцени, закани или поткуп и слободно да го остварат своето граѓанско право.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести