Тој посочи дека случаите со екс министерката Гордана Јанкулоска и неговиот поранешен советник се  заплашување, сеење страв, политички реваншизам и освета.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 септември, 2020 13:34

Чулев: Случаите со Јанкулоска и мојот советник се заплашување, сеење страв, и освета!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По вчерашната одлука на Врховниот суд да ја потврди одлуката од Апелација за случајот “Тенк” и ги одби, поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска, се огласи и поранешниот Министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

Тој посочи дека случаите со екс министерката Гордана Јанкулоска и неговиот поранешен советник се  заплашување, сеење страв, политички реваншизам и освета.

-Првиот е поврзан со ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска која лично ја познавам и со која сум имал извонредна соработка. Мојот впечаток и впечатокот на колегите со кои сум разговарал во Министерството за внатрешни работи е дека станува збор за исклучително чесна и одговорна личност, која во своето работење постапувала исклучиво во согласност со законите. Тие велат дека Гордана Јанкулоска е министер кој максимално посветено и одговорно го водел МВР. И во таа насока конретниот судски случај и денешната одлука е уште една форма на политички притисок насочена кон заплашување на вработени и поранешни функционери во Министерството за внатрешни работи. Давам силна и искрена поддршка за Гордана Јанкуловска да истрае во овие моменти, и уверен сум дека ќе дојде време кога вистината за нејзината работа ќе излезе на виделина.

Тој посочи дека втор случај е со дисциплинската постапка и отказот против поранешниот советник во неговиот кабинет, Зоран Ѓоргиевски – Чикаш.

И покрај тоа што за него од моја страна за направениот пропуст беше спроведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и беше строго казнет, истата беше поништена и во нова крајно политизирана постапка, актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски прави преседан и носи одлука за прекинување на работниот однос. Класично политизиран случај за кој сум сигурен дека судската разрешница ќе покаже дека во овој, како и во многу други случаи раководството на Министерството за внатрешни работи постапило спротивно на законските прописи. Како човек во чиј тим бил и Зоран Ѓоргиевски, стојам позади него. Воедно, ги охрабрувам сите вработени кои се соочени со вакви или слични притисоци своите права да ги побараат пред надлежните комисии и правосудни органи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.