Во мрачното место зад зградата ме чекаа некои луѓе и почнаа да ме убодуваат со нож и да ме удираат со тупаници. Јас да ви кажам право ја видов смртта во очи.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 февруари, 2019 19:38

Шабан Шаулиќ : “Едвај преживеав, ја видов смртта во очи – добив два убоди од нож”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Српскиот пејач Шабан Шаулиќ денеска загина во тешка сообраќајна несреќа во Германија.

Шабан Шаулиќ пред неколку години доживеа исто така уште една несреќа, во која како што изјавуваше за српските медиуми ќе го загубеше својот живот.

Имено, во деведесеттите години во Виена го нападнале со ножеви, но тој не им се предал туку одел крвав во круг и чекал помош и така ја сочувал својата свест и сопствениот живот.

Оваа ситуација во многу наврати ја опиша како една од најтешките од својот живот. 

Во тешка сообраќајна несреќа во Германија, денеска настрада српскиот пејач и крал на народна музика Шабан Шаулиќ.

Тогаш можеше да се прекине мојот живот. Тоа се случи во Виена, во време на она ембарго, кога не се можеше да се патува без странски документи, кога се подразбираше дека мораш да имаш и стан. Јас ги имав тие Австриски документи, и една вечер тргнав зад станот мој, во еден ресторан на кој требаше да одржам настап.

Во мрачното место зад зградата ме чекаа некои луѓе и почнаа да ме убодуваат со нож и да ме удираат со тупаници. Јас да ви кажам право ја видов смртта во очи. За среќа се занимавав со спорт и бев многу брз и кога тие почнаа да ме напаѓаат, успеав да останам на нозе, така да не успееја да ме онесвестат.

Изгледа дека немаа многу време, а и не очекуваа таков отпор од мене па во еден момент побегнаа. Добив два убоди од нож во грбот и еден јак удар во лице. Немав многу избор, туку да се вратам назад во станот на трети спрат така крвав и да повикам помош.

Зградата немаше лифт и така се качував горе со сите сили. Ги броев имаше 72 скали. Телефонирав кај една моја пријателка, која одма повика полиција и итна помош.

Полицијата и итната помош дојдоа многу брзо и за среќа се се заврши добро. Покасно дознав дека еден од газдите од локалите во Австрија, ги ангажирал тие луѓе, им дал големи пари да ја спречи конкуренцијата во која работеше. Тоа беше едно од најтешките искуства во мојот живот, практично ја гледав смртта во очи изјави Шаулиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...