Прекрасна торта да ја направите во секоја прилика.

Објавил: admin@magazin | 10 мај, 2022 13:35

Шварцвалд торта

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шварцвалд торта е фаворит во секој дом. Не поминала прослава без оваа сочна торта која се топи во устата.

Вишни и павлака се одлична комбинација за оваа торта на која никој не останал рамнодушен. Пробајте да ја направите, сигурно ќе постане дел од вашата кујна.

Не поминала никаква прослава и роденден без оваа највкусна торта која е засладена со вишни.

Состојки

тесто

6 јајца

150гр шеќер

60гр брашно

60гр густин

60гр какао

1 лажиче пециво

5 лажици сок од вишни

5 лажици вишновка ликер

фил

350гр вишни   250мл сок од вишни
3-5 лажици шеќер
5 лажици вода
2 лажици густин
Дополнително
200мл сок од вишни
300мл слатка павлака за декорација
300 мл слатка павлака, чоколадо, вишни     

                                                                                                Подготовка :                                                                                   Во еден сад ги соединуваме просеаното брашно, какао, густин и пециво. Сега земаме две ванглички. Ги делиме белките од жолчките. Со половина количина на шеќер ги матиме жолчките, па постепено го додаваме вишна ликерот и сокот од вишни. Ги матиме белките, ја додаваме останатата колична на шеќер, матиме цврст шам. Со лесни движења ги соединуваме состојките од двете ванглички. Смесата ја истураме во тава бр 26 или 28, која е обложена со хартија за печење. Печиме на умерен оганоколу 20 минути. Испеченото тесто го оставаме да се излади. Потоа го сечиме на 3 дела. Секоја кора ја попрскуваме со сокот од вишни. Сега се подготвува филот. Во водата го раствораме густинот. Во касерола го налеваме сокот од вишни, го додаваме шеќерот, растворениот густин и вариме на тивок оган до згуснување. Одма ги додаваме и вишните и изедначуваме. Овој топол фил го распоредуваме на две теста. Така ги оставаме да се изладат. Сега во сад ја матиме слатката павлака. На тањир ја ставаме првата кора. Врз неа ставаме половина количина од изматената слатка павлака. Потоа го ставме второто тесто со филот од вишни. Врз него го нанесуваме остатокот од матената слатка павлака. Поклопуваме со третото тесто. Сега ја матиме слатката павлака за декорација. Ја премачкуваме цела торта. Оставме малку за декорација. Завршуваме со декорација од чоколадо (струготини) по страните и во средината и со вишни. Оставаме 1 час на ладно па послужуваме. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.