Денес од 16:00 часот претпоследниот осминафинален натпревар го одиграа селекциите на Шведска и Швајцарија.

Објавил: Македонка Димкин | 3 јули, 2018 22:18

Швајцарија елиминирана, Шведска после 24 години е во четвртфиналето.

Фото/Текст извор: ©Basler Zeitung

Во  првите 45 минути  скоро и да не видовме посериозна прилика за погодок, на стадионот беше скоро и досадно наспроти очекувањата на двете страни.

Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 66 минута кога Форсберг упати удар надвор од шеснаесетникот, топката на патот до мрежата го погоди Швајцарецот Аканџи и заврши зад грбот на Јан Зомер.

Емил Петер Форсберг роден на 23 октомври 1991 година, е шведски професионален фудбалер кој игра за РБ Лајпциг како крило. Тој беше прогласен за шведски фудбалер на годината во 2014, 2016 и 2017 година

По овој погодок Швајцарија немаше избор и мораше да тргне во офанзива и по погодок.

Но најголемата прилика Швајцарците ја пропуштија на десетина минути пред крајот на натпреварот. И покрај напорите что ги правеа на крајот не успеаја да дојдат до нивниот прв погодок во осминафиналните натпревари (досега немаат постигнато гол), па затоа Шведска се избори за четвртфиналето.

Во последните моменти после една контра на Швеѓаните, фудбалерот на Швајцарија, Лонг заработи и исклучување. Во четвртфиналето Шведска ќе игра подобриот од вечерашното последно осминафинале помеѓу Англија и Колумбија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...