Швајцарија е првата земја на светската топ листа по развој на 5G мрежа, т.е. втора во светот според развојот на 5G мрежата веднаш после Јужна Кореја!

Објавил: Владо Марин | 4 октомври, 2020 21:20

Швајцарија е лидер во Европа за развој на 5G мрежа

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Швајцарија почна со развој на 5G мрежата после Словенија, а сега е веќе лидер во Европа. 

Швајцарија е првата земја на светската топ листа по развој на 5G мрежа, т.е. втора во светот според развојот на 5G мрежата веднаш после Јужна Кореја, објави телефони.мк!

Нормално, Јужна Кореја е домашната земја на Samsung и LG. 5G мрежата е воведена веќе во 426 градови во Швајцарија, во градови и во рурални области.

Речиси 80% од населението има пристап кон 5G мрежа.

Швајцарија планира до мај 2021 година да вовед 5G во 535 градови, села и рурални средини. 

Инаку, новата мрежа наречена 5Г означува петта генерација на мобилната комуникација. Таа доаѓа како надградба на постојните системи – 4Г(ЛТЕ/ВиМакс), 3Г(УМТС) и 2Г(ГСМ). Нејзина цел, меѓу другото, е да овозможи пренос на поголемо количество податоци и да ги зголеми поврзаноста и густината на уредите што ќе можат да се приклучат на мрежата. Истовремено, таа би требало да ги намали доцнењето, потрошувачката на енергија и цените.

Но и покрај сите овие придобивки, дел од јавноста реагира на најавите за поставување на овој тип мрежа, сметајќи дека новата технологија не е доволно испитана и дека може да има последици по здравјето на луѓето, а се скептични и во однос на ефектите од веќе инсталираните уреди.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Технологија

Овие автомобили и понатака се препознатливи за светската јавност, меѓутоа тие ја добија титулата за најгрди автомобили на сите времиња.

ТОП 10 – Најгрди автомобили на сите времиња

Со текот на сите овие години, патиштата забележаа дека некои автомобили што само дизајнерите...

Секоја зима, многу домаќинства од различни причини своите домови ги загреваат со печки на дрва, чиј чад претставува една од главните причини за зголемената загаденост на воздухот.

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ Секоја зима, многу...