Исклучоци би биле на религиозни места и од безбедносни или здравствени причини, како што се маски за лице што моментално се носат за заштита од ковид-19, како и за традиционалните карневалски прослави.

Објавил: admin@magazin | 8 март, 2021 7:47

Швајцарците на референдум изгласаа забрана за носење бурки

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со тесно мнозинство, 52 проценти „за“, 48 проценти „против“, Швајцарците на референдум одлучија да забранат покривање на лицето на јавни места, пренесе Канал 5!

Одлуката исто така забранува прекривки што ги носат муслимански жени како бурка и никаб, а забраната се однесува на јавни места како што се ресторани, спортски стадиони, јавен превоз или одење по улица.

Исклучоци би биле на религиозни места и од безбедносни или здравствени причини, како што се маски за лице што моментално се носат за заштита од ковид-19, како и за традиционалните карневалски прослави.

Иницијативата за референдум била покрената од Швајцарската народна партија (СВП), која ја поврза забраната за бурка со борбата против „радикалниот политички ислам што се шири низ Швајцарија“.

Сепак, швајцарската федерална влада и големото мнозинство во парламентот во Берн биле против оваа иницијатива, велејќи дека со тоа се решава маргинален проблем затоа што, според Универзитетот во Луцерн, никој во Швајцарија не носи бурки и само 30 жени носат никаб.

Иницијативата предизвикала многу јавни дебати, но за Валтер Вобман, пратеник на СВП и претседател на Комитетот за референдум, забраната е симболична порака.

“Угнетувањето врз жените нема што да бара во нашето општество и затоа покренавме иницијатива. Жените тука го покажуваат лицето.

Тоа е знак на нашиот слободен, демократски социјален поредок”, рече тој, велејќи дека тоа не е одлука против исламот, туку против екстремизмот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.