Инспирирана од прекрасната земја, добриот народ, културата и македонската музика и традиција шведската учителка Susanne Åkerman, често во посета на Македонија!

Објавил: admin@magazin | 1 февруари, 2019 19:57

Шведската учителка воодушевена од Македонските убавини

Фото/Текст извор: ©онлине.Магазин.мк

Во ексклузивно интервју за магазин.мк Шведската учителка Susanne Åkerman, открива многу убави работи за Република Македонија и зошто се одлучила повеќе пати да ја посети нашата земја.

Инспирирана од прекрасната земја, добриот народ, културата и македонската музика и традиција шведската учителка Susanne Åkerman, во специјално интервју за Магазин.мк открива неколку интересни работи за Македонија и што тоа ја наведе пак да се врати во нашата убава земја.

Таа откри исто така дека нејзините ученици често се информираат од нашиот портал, и кажа дека вестите од нашиот сајт се популарни и читани помеѓу нашите иселеници во Шведска. 

Сликата е фотографирана од Susanne а исто така се информирала дека прекрасниот Манастир „Св. Наум“ е изграден на висока карпа, над самото Охридско Езеро, на неговата најјужна точка, во една месност со ретка природна убавина. Фото:Susanne Åkerman

1. Зошто одлучивте да ја посетите Македонија?

Јас работам во Шведска како учителка на луѓе кои го изучуваат Шведскиот јазик. Имав голема привилегија и задоволство да запознам луѓе кои доаѓаат од вашата прекрасна земја Македонија. Имав ученици од Скопје, Охрид и Кичево како и од други градови од Македонија. Повеќе пати имавме презентации за своите земји, а учениците од Македонија ја претставуваа својата земја на најдобар можен начин. Пишуваа за вашата историја, храната, виното, културата, црквите, манастирите и се разбира вашата традиционална музика. Сето тоа мене ме направи и мотивира да дознам уште повеќе за вашата земја и да се сретнам со импулсот што го нуди Македонија.

2. Што мислите за народот во Македонија ?

Народот е многу прекрасен и дружељубив. Да бидам искрена таков народ весел и позитивен немам сретнато, со оглед на тоа што обожавам да патувам многу вие сте најпрекрасните и најискрени луѓе кои ги имам сретнато. 

Прекрасните Македонски традиционални јадења ја воодушевија Susanne, и со големо задоволство зборува дека во Македонија ги пробала најубавите вкусови на една светска кујна. Фото:Susanne Åkerman

3. Дали мислите дека Македонија е убава земја ?

За мене Македонија е прекрасна земја со многу убави природи, езера и прекрасни планини. Природата многу ме инспирира и ме воодушеви. Навистина оваа убава земја има да понуди многу на туристите.

4. Каква храна пробавте и што мислите за Македонското јадење ?

Јас сум многу голем љубител на храна и добро вино. Во Македонија ме воодушевија многу традиционални јадења кои речиси секој ден ги консумирав во голема количина хе хе… Најмногу ја сакав шопската салата, тавче на гравче, пита со месо и се разбира најомилена ми беше Охридската риба. Можам да кажам дека во Охрид се наоѓаат најголемите кувари за спремање на риба.

 

Убавите и модерни ресторани кој се наоѓаат покрај Охридското езеро ги воодушевуваат туристите. Градот Охрид е најголемата туристичка дестинација во државата. Фото:Susanne Åkerman

 5.Кој град ви е омилен во Македонија ?

Јас посетив скоро поголем дел од Македонија и Македонските градови. Воодушевена сум за се што видов во таа прекрасна земја. Да бидам искрена Охрид е мојот најомилен град во Македонија а можам да кажам и во Европа. Ноќите во Охрид беа прекрасни исполнети со романтична атмосфера, добра музика и вино. Се чувствував исполнета и во душата и во телото. Преубавото Охридско езеро ме фасцинира толку многу, што размислувам од кога ќе ја земам мојата пензија во Шведска да се преселам во овој преубав град.

6. Што ве натера да ја посетите Македонија повеќе пати ?

Причината да ја посетам Македонија повеќе пати беше тоа што секогаш има да се види нешто ново. Сакам да посетам уште цркви, природи. Слушнав многу за Маврово, Пелистер и Битола и следното мое доаѓање во Македонија ќе биде токму на тие места. Се разбира и неколку денови ќе бидам и во преубавиот Охрид.

7. Што би им препорачале на оние што сакаат да ја посетат Македонија ?

Јас би им препорачала со задоволство да ја посетат вашата земја, затоа што има навистина што да видат и доживеат. Прекрасното време, вашата култура, храна и музика ме направи барем за момент многу среќна. Со задоволство им зборувам на моите колеги на работа за вашата преубава земја да ја посетат, затоа што кога еднаш се оди во Македонија човек посакува пак да се врати во прекрасната земја. 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...