Укинати се и препораките за работа од дома, за избегнување на возрасните да учествуваат на масовни спортски натпревари и кампови, делумно да се одржува настава од далечина на универзитетите и да се носи маска во случај на метеж во јавниот превоз.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 февруари, 2022 11:57

Шведска ги укина мерките, ги прекина тестирањата и ги отвори границите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шведска од денеска ги укина сите епидемиолошки мерки, го прекина масовното и бесплатно тестирање за Ковид-19 и целосно ги отвори границите за сите граѓани на Европската Унија.

Дури и бројките на заразени и починати исчезнаа од ударните позиции во шведските медиуми. Покрај пандемијата, која и натаму е во ек (Шведска забележа десетици илјади позитивни тестови во последните денови), од утрово властите само потсетуваат на советите до невакцинираните да избегнуваат метеж во затворени простории и им препорачуваат на сите да останат дома доколку имаат симптоми на Ковид-19!

„Пандемијата не е завршена, но ограничувањата и рестркциите се. Сè уште има посебни совети за невакцинираните лица. Важно е сите граѓани да останат дома доколку имаат симптоми. Тие не мора да се тестираат освен ако не работат во сферата на здравството и социјалната заштита. За нив постојат посебни правила на однесување“, изјави шведската министерка за здравство, Лена Халенгрен, додавајќи:

„Сè уште има потреба луѓето да се вакцинираат. Доколку сте примиле две дози од вакцината, треба да земете и трета. За да продолжи заштитата од ширење на инфекцијата, но и од сериозна болест, потребни се три дози“.

Врз основа на одлуката на властите од денеска (среда), веќе не важат следните епидемиолошки мерки: задолжителна контрола за ковид-сертификат за сите јавни собири во затворени простории со повеќе од 50 луѓе, сите јавни собири во затворен простор мора да имаат места за седење, ограничување на јавните собири во затворени простории на 500 луѓе (во спортот 500 луѓе по трибина) и најмалку 10 квадратни метри простор по учесник.

Укинато е и затворањето на рестораните и баровите во 23 часот, ограничувањето од осум лица на маса во рестораните со најмалку еден метар растојание меѓу масите, како и тоа дека јавните простори како што се вежбалници, музеи, галерии, забавни паркови и базени мора да обезбедат најмалку 10 квадратни метри простор по посетител.

Укинати се и препораките за работа од дома, за избегнување на возрасните да учествуваат на масовни спортски натпревари и кампови, делумно да се одржува настава од далечина на универзитетите и да се носи маска во случај на метеж во јавниот превоз.

Исто така граѓаните на ЕУ/ЕЕА и Швајцарија повеќе не мора да докажуваат дека се вакцинирани или негативни на тестовите за ковид при влез во Шведска. Вратата е ширум отворена како и пред пандемијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...