Според шведските експерти, децата го пренесуваат вирусот на ограничен начин, па затоа не им е потребна вакцина.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 септември, 2020 11:35

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Tanjug

Шведската влада нема да препорача вакцина против вирусот корона на лица на возраст под 18 години.

Според шведските експерти, децата го пренесуваат вирусот на ограничен начин, па затоа не им е потребна вакцина.

Од друга страна, шведските здравствени власти им ја препорачуваат вакцината на возрасните, особено на оние кои се ранлива група и на постарите лица, пренесува Си-Ен-Ен.

Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел објасни дека Шведска работи на принцип на доброволна вакцина, а тоа се случи и за време на претходните пандемии кога голем број луѓе беа вакцинирани.

“Тие веројатно имаа најголем процент на вакцинирани во светот. На почетокот, нема да биде најрелевантно да се вакцинираат деца, туку оние кои се ризична група – постари лица и оние кои работат со нив”, рече Тегнел.

Инаку секојдневно  пристигнуваат нови податоци за научни лаборатории кои забрзано работат на создавање вакцина против корона вирус, додека Кина и САД почнаа со први тестирања на доброволци.

Претходно Русија соопшти дека станала првата земја во светот која дала регулаторно одобрување на вакцина за ковид-19, потег кој Москва го оцени како доказ за нејзината научна моќ.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.