На 16 години започнал да се занимава со хакерство. Бил уапсен во 1991 година за неовластен упад во компјутерски систем. На судењето се изјаснил за виновен по сите точки од обвинението.

Објавил: admin@magazin | 13 мај, 2019 20:49

Шведска повторно го отвори случајот против Џулијан Асанж за силување!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Како што објави шведската обвинителка, Шведска повторно го отвори случајот против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж за силување.

Ова барање за повторно отворање на истрагата против Асанж, го поднесе адвокатката Елизабет Фриц која ја застапува жена која одговорно тврди дека е силувана од Асанж, за време на посетата на Шведска која се случила во 2010 година.

Џулијан Асанж моментално се наоѓа во затвор во Велика Британија ги негира овие обвинувања. Во текот на овие денови, британските власти ќе одлучат дали Асанж ќе го испорачаат на Шведска или на Америка, кои исто така го бараат поради објавените доверливи воени и дипломатски документи на Викиликс.

Судот во Лондон го осуди основачот на Викиликс, Џулијан Асанж на 50 недели затвор поради кршење на правилата за условна слобода пред речиси седум години.

Асанж на 16 години започнал да се занимава со хакерство. Бил уапсен во 1991 година за неовластен упад во компјутерски систем. На судењето се изјаснил за виновен по сите точки од обвинението.

Поради доброто однесување бил осуден на парична казна од 2100 австралиски долари. Џулијан Асанж во 2006 година го основал мрежното место Викиликс и го вдомувал на домашен опслужувач.

Од тогаш на Викиликс има објавено стотици документи поврзани со војните во Ирак и во Авганистан.

На 30 ноември 2010 година бил ставен на црвениот список на Интерпол за лица по кои се трага на барањето на Шведска, каде против него започнала, потоа била стопирана, а потоа уште еднаш била започната истрага за наводно силување извршена во текот на летото 2010. На 7 декември Асанж ѝ се предал на лондонската полиција, но бил пуштен на слобода со кауција по 10 дена. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести