Шведските медиуми изразија загриженост дека жителите на земјата би можеле да бидат ослободени од повторно отворање на своите граници, како во северниот регион, така и во остатокот од Европа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 мај, 2020 10:15

ШВЕДСКА СЕГА ГО ДОБИ “ШАМАРОТ” ЗА КОНТРОВЕРЗНИТЕ ТАКТИКИ ВО БОРБА ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ!

Фото/Текст извор: ©информер.рс

Шведска спроведе стратегија која го збуни целиот свет, а сега може да се видат нејзините резултати.

Шведските медиуми изразија загриженост дека жителите на земјата би можеле да бидат ослободени од повторно отворање на своите граници, како во северниот регион, така и во остатокот од Европа.

Конкретно, веста дека Кипар нема да дозволи директни летови од Шведска кога ќе ги отвори своите граници на 9 јуни, доенсе паника меѓи многу Швеѓани.

Шведската министерка за надворешни работи, Ан Линде, во вторникот изјави дека нејзината земја не треба да биде исклучена од потенцијалниот договор за отворени граници меѓу нордиските земји, додека регионот планираше да ги олесни ограничувањата за патувања, наметнати среде пандемијата на вирусот корона.

Бројот на смртни случаи од коронавирус во земјата е скоро четири пати поголем од вкупниот број во другите нордиски земји.

Линде рече дека исклучувањето на Шведска ќе биде „политичка одлука“ што нема да биде оправдана од здравствена гледна точка.

Шведска беше критикувана за порелаксирана стратегија која ја примени за борба против коронавирусот, по одлуката да се одржат отворени училиштата и рестораните во земјата. Шведска исто така не ги затвори своите граници со соседните земји.

Линде напомена дека Брисел ги повикал земјите-членки да не прават дискриминација при повторното отворање на границите, пренесува „Дојче веле“.

– Тоа е многу комплицирано прашање и мислам дека сите политичари во секоја земја треба да го разгледаат долгорочниот ефект, пред да донесат многу политички мотивирани одлуки – рече таа.

Сепак, соседите на Шведска се уште се неодлучни, а Данска и Норвешка се уште се во фаза на одлучување дали наскоро да ги отворат границите.

Граничните ограничувања на Финска се применуваат до 14-ти јуни, рече министерката за внатрешни работи Марија Охасало, додавајќи дека некои од нејзините соседи би можеле да ги укинат забраните за патување. Сепак таа ја нарече ситуацијата во Шведска „загрижувачка“.

Шведската влада продолжи да го брани својот контроверзен одговор на пандемијата „Ковид-19“, и покрај тоа што забележа едно од највисоките стапки на смртност во светот, со 4.125 смртни случаи, или околу 40 на 100.000 луѓе.

– Преносот на вирусот се забавува, значително е намален бројот на пациенти на интензивна нега, а растечката крива на смртност е израмнета. Немаше целосно затворање на Шведска, но многу делови од шведското општество беа затворени, рече Линде, одговорајќи на обвинувањата дека земјата не сторила доволно за да го спречи ширењето на вирусот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.