Заев веќе ги извести "спонзорите" на Преспанскиот договор дека има обезбедено 2/3 мнозинство за уставни измени и им најави да следат Седница на Собрание на Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 21:21

Шведскиот амбасадор знае дека Заев има 2/3 мнозинство?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Премиерот на Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев, веќе почнал да ги информира дипломатските претставници во Македонија, но и во НАТО, ЕУ и САД дека обезбедил 2/3 мнозинство во поддршка.

Прв со “честитки” за имплементирање на Преспанскиот договор се јави амбасадорот на Кралството Шведска во Македонија.

Имено шведскиот амбасадор во Македонија Матс Стафансон вечерва на Твитер напиша дека во очекување на гласањето во Парламентот, изгледа дека Владата го обезбедила потребното 2/3 мнозинство.

Вечерва во парламентот се очекува клучното гласање за Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција. По се изгледа дека Владата го има неопходното 2/3 мнозинство.

Конечно тоа ќе ја отвори НАТО и ЕУ перспективата за Македонија. Многу новинарски извештаи за закани кон опозициските пратеници кои ќе гласаат „за“. – напиша амбасадорот Стафансон.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.