Хашим Тачи во текот на воените конфликти имаше лидерска позиција на ОВК и тоа се до завршетокот на војната, кога се направени повеќе воени злосторства.

Објавил: admin@magazin | 16 декември, 2018 17:35

Шведското радио : ” Хашим Тачи наскоро во специјален суд “

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Главното шведско радио објави дека косовскиот претседател Хашим Тачи ќе биде повикан во Специјални суд за воени злочини на бившата ОВК.

Најпознатото радио во Шведска”Sveriges Radio” извести исто така дека некои од бившите воени учесници на косовските Албанци, вклучувајќи го и Рустем Мустафа,Сами Луштакуа, се во големо својство поврзани и осомничени за воени злочини.

Уште не е подигнато обвинение во склопот на истрагата која се води веќе 4 години,. “Sveriges Radio”  изјавува дека Тачи е еден од најголемите предмети на Специјалниот суд. Тој претходната година во едно интервју во Шведска, изјави дека Косово во врска со таа тема нема што да кријат, и не се изјаснува како виновен за никоја точка од наведените обвиненија.

Хашим Тачи е косовски политичар кој ја извршува функцијата претседател на Косово од 7 април 2016 година. Претходно бил премиер на Косово во периодот 2008–2014, а потоа и министер за надворешни работи и вицепремиер во владата на премиерот Иса Мустафа.На 17 јули 1997 во Приштина на Тачи во отсуство му се судело за тероризам поради активностите во ОВК, и бил осуден на затворска казна од 10 години. Во март 1999 Тачи бил на мировни преговори во Рамбује како водач на косовските Албанци. За него било прифатливо Косово да има автономија во рамките на Србија, додека неговите соборци не сакале да прифатат ништо освен независност на Косово.

Хашим Тачи во текот на војната имаше лидерска позиција на ОВК и тоа се до завршетокот на војната, кога се направени злочините. Тамо тој ги контролирал сите клучни механизми вклучувајќи ги и обавештајните служби.

Шведското радио укажува дека бившите лидери на ОВК сега се на чело на Приштина, вклучувајќи и претседателот, премиер и претседателот на собранието.

Тачи бил обвинет за врски со криминалното подземје. Се сметало тој обезбедувал финансии за ОВК преку шверц на хероин и кокаин во западна Европа. Според други обвинувања, Тачи учествувал во нелегална трговија со човечки органи за време на војната во Југославија, за што требало да биде обвинет од Хашкиот трибунал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.