Оние кои нема да ја почитуваат забраната, ќе се соочаат со пет години казна затвор

Објавил: admin@magazin | 6 септември, 2018 14:09

Шегите на сметка на религијата во Саудиска Арабија ќе се казнуваат

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шеги на религиозни теми на интернет отсега можат да значат и пет години затвор во Саудиска Арабија, соопшти Јавното обвинителството на кралството, што беше објавено и на Твитер.

Објави и распространување на содржини со цел исмејување или поткопување на јавниот ред, религиозните вредности и моралните норми, ќе се смета за киберкриминал, се наведува во соопштението.

Оние кои нема да ја почитуваат забраната, ќе се соочаат со пет години лишување од слобода, како и со парична казна од три милиони ријали (oкoлу 300.000 евра).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.