Таа посочи дека е предвидено да се врши целосна проверка од страна на соодветни институции на имотот и потеклото на имот на сите судии и обвинители.
Истакна дека познато е дека нешто кај некои обвинители и судии навистина не е логично.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 јуни, 2020 11:46

Шекеринска: Денес почнува прочистувањето и темелната реформа на судството!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вчерашното гостување на ТВ21 во дебата со носителите во изборна единица пет Радмила Шеќеринска, која е заменик претседател на СДСМ, го коментираше и стапувањето во сила новиот закон за Јавно Обвинителство.

Радмила Шекеринска Јанковска (10 јуни 1972 во Скопје) — македонска политичарка, актуелна министерка за одбрана на Република Македонија.Радмила Шекеринска магистрира на престижната школа за дипломатија и право „Флечер“ во САД во 2007 година. Шекеринска има дипломирано на електротехничкиот факултет во Скопје во 1995. Во текот на 1996 година работи како асистент за односи со јавност во Институтот Отворено општество Македонија. Од 1997 до 2002 работи како асистент на Електротехничкиот факултет. Зборува англиски и француски јазик и исто така е автор на повеќе научни и стручни трудови од својата област. Добитник е на наградата “Глобални Лидери на Утрешнината“ што ја доделува светскиот економски форум.

„Граѓаните можеа да вида колку долго траеше тој процес во Собранието, колку тешко беше да се дојде до 2/3 мнозинство, а кога ги чувме дел од новите „бомби“ видовме зошто. 

Сме имале една цела пратеничка група, која практично за пари дадени во кампања требала да испорача блокирање на Законот. И знаете колку енергија, колку преговори особено и премиерот, меѓутоа и многу други министерот за правда, министерка за да дојдеме до Закон којшто ќе го добие и европскиот печат, и којшто ќе обезбеди шанса за правна држава.

Меѓутоа тоа е се уште само Закон, ќе биде почеток на она што и треба на државава, а тоа е сериозно прочистување и поголема транспарентност во судството. 

За жал ние во претходните „бомби“ чувме кој се спрегите помеѓу политиката, криминалот и судството. И дел од тие спреги не можевме да ги уништиме, зошто? Заради тоа што извршната власт не смее да се меша во судството. 

Меѓутоа со Законот за ЈО, со законите други кои се усогласија со препораките на Венецијанската комисија, сега за првпат имаме шанса рече Шеќеринска.

 

Таа посочи дека е предвидено да се врши целосна проверка од страна на соодветни институции на имотот и потеклото на имот на сите судии и обвинители.

Истакна дека познато е дека нешто кај некои обвинители и судии навистина не е логично.

Она што е важно, уште во претходниот период успеавме да обезбедиме ЕУ да ги набљудува, да ги мониторира случаите за висока корупција и криминал“, кажа Шекеринска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести