Најголемиот тендер на министерството за одбрана за 2018 година е оној за набавка на нови униформи вреден скоро милион евра за 14.000 комплети теренска униформа за АРМ

Објавил: Мартин Попоски | 3 јануари, 2019 9:41

Шекеринска им скрои на АРМ војничките униформи „мејд ин Турки“

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Турски униформи за македонските војници во АРМ е епилог на највредниот тендер на Министерството за одбрана во 2018 година.

Ќе се набават 14.000 воено теренски униформи. Тендерот го доби штипската фирма „Дона М“, а ткаенината и конфекционирањето се од турска фирма од Истанбул

Министерството за одбрана ќе набави 14.000 комлети воени теренски униформи за своите војници, договорот е вреден 887.600 евра со ДДВ, а рокот на договорот е една година од неговото склучување.

Министерството за одбрана ќе набави по 14.000 парчиња војнички панталони, палта и капи за потребите на македонскиот унифирмиран армиски состав. Еден комплет униформа чини 53.7 евра без ДДВ, а од тоа војничкото палто чини 23.5 евра, војничките панталони 25 евра, а капа чини 5.3 евра.

Тендерот го доби штипската фирма „Дона М Добре Митев ДООЕЛ“, а договорот го потпишаа министерката Радмила Шекеринска и Сузана Цафовска, одговорнот лице во „Дона М“. Ова е најголемиот тендер во календарската 2018 година шо го распишало Министерството за одбрана.

Во достапните јавни податоци се гледа дека на овој тендер биле доставени пет понуди, клучен критериум била најниска цена, но тендерот не бил деллив. Нависоката понуда надминувала 65 милиони денари, а најниската доставена понуда 51.65 милиони денари.

По спроведената електронска аукција добила штипската фирма со понуда од 46.27 милиони денари, а со вклучен ДДВ вредност од 887.600 евра.

Повеќе детали за договорот може да добиете на следниот линк .

Министерството за одбрана договорот со штипската фирма „Дона М“ го склучило на 18 декември лани. Дозволено е, откако ќе биде проверен и одобрен квалитетот, набавките да се вршат сукцесивно во три тури и тоа првите две по 3.500 комплети и третата тура 7.000 комплети униформи. Плаќањето е комибинирано и тоа 20 отсто аванс по доставена банкарска гаранција и останатите 80 отсто до 30 дена по доставената целосна количина на нарачката.

Војничките униформи се „мејд ин Турки“

Во договорот пишува дека штипската фирма изработката на ткаенината и конфекционирањето ги отстапува на турска компанија „Киванч Кимја“ која воедно е и производител на ткаенината и конфекционер на елементите од воено теренската униформа (палто, панталони и капа).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести