Во рамките на првиот работен ден министрите за одбрана ја започнаа подготовката на следниот самит на Алијансата, планиран да се одржи до крајот на годинава во Брисел.

Објавил: Рејхан Бајрами | 18 февруари, 2021 7:13

Шекеринска: Македонија веќе ја исполни една од НАТО обврските од Велс за инвестиции во модернизација на Армијата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска учествуваше на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво министри за одбрана преку заштитена видео-конференциска врска. 

Во рамките на првиот работен ден министрите за одбрана ја започнаа подготовката на следниот самит на Алијансата, планиран да се одржи до крајот на годинава во Брисел.

На првата работна сесија, министерката Шекеринска ги изнесе ставовите на нашата држава и ги поддржа предлозите на генералниот секретар Јенс Столтенберг повразни со иницијативата НАТО 2030, која има за цел да ја зацврсти Алијансата и воено и политички. Клучните препораки се однесуваат на усвојување на појасни и померливи национални цели на отпорност, поголема иновативност, зголемувањето на политичката координација меѓу сојузниците и инвестирањето во одбраната, и низа други елементи кои треба да бидат имплементирани во новиот Стратегискиот концепт на Алијансата, планиран за 2022 година. 

Во однос на рамномерното споделување на товарот и одговорностите во Алијансата, министрите го поздравија континуираното седумгодишно зголемување на трошоците за одбрана во насока на постигнување на препораките за достигнување на 2 проценти од БДП за буџетот на одбраната од кои најмалку 20 проценти наменети за опремување и модернизација. 

На состанокот, министерката Шекеринска истакна дека Македонија веќе трета година по ред бележи континуитет во зголемувањето на одбранбениот буџет при што во 2021 година тој е проектиран на 1.57% од БДП, со што нашата држава е на пат до 2024 година да го достигне нивото од 2%.

Оваа година обезбедени се повеќе од 25% од одбранбениот буџет за опремување и модернизација на вооружените сили со што Македонија се вброи во групата од дваесет и четири сојузници кои веќе ја исполнија втората обврска од НАТО Самитот во Велс со која членките најавија дека секоја година ќе одвојуваат повеќе од 20% од својот одбранбен буџет за опремување и модернизација на вооружените сили.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести