Шеќеринска јавно посочи дека остава простор за можно одлагање на предвремените парламентарни избори.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 ноември, 2019 10:01

Шекеринска: Можно е да ги одложиме закажаните избори

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во интервју за 360 степени вицепремиерката Радмила Шеќеринска и министерка за одбрана, истакна дека веќе закажаните избори може да претрпат и промена, односно да биде поместен датумот во зависност од тоа кога Шпанија ќе може да го ратификува Протоколот за влез на земјава во НАТО.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, остава простор за можно одлагање на предвремените парламентарни избори, кои треба да се одржат на 12 април, во зависност од тоа кога Шпанија ќе може да го ратификува Протоколот за влез на земјава во НАТО

Шеќеринска јавно посочи дека остава простор за можно одлагање на предвремените парламентарни избори.

Во интервју за „360 Степени“, Шекеринска истакна дека до сега не разговарале на оваа тема но ваква опција се уште е во игра.

– Во моментот кога ќе ги имаме сите податоци тогаш треба да носиме одлуки. Се помеѓу ќе биде шпекулирање – што би било кога би било. Прв приоритет ни е тоа што тешко го спечаливме да не го испуштиме од рака. На сите членки на НАТО им се јавувавме, ги молевме по специјални процедури да забрзаат со ратификациите и неодговорно ќе биде тогаш кога топката ќе прејде на наша страна од теренот, ние да кажеме: сега сме ние на пауза три-четири месеци, вели Шекеринска.

Таа додава дека СДСМ не бега од избори и потсетува дека за време на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски, владејачката партија предложила изборите да се одржат до крајот на годинава.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.