Очекувам од сите пристојни луѓе, кои верувам и сакаат добро на нашата татковина, да ја нацртаат својата црвена линија и во рамки на своите партиски органи. Извинете ако сум малку емотивна, но многу луѓе тој ден беа навистина на чекор до смртта.
Шекеринска: На 27 април многу луѓе беа на чекор до смртта

Објавил: admin@magazin | 27 април, 2021 7:52

Шекеринска: На 27 април многу луѓе беа на чекор до смртта

Фото/Текст извор: ©фокус

Може да се разликуваме за политика од нула до 100, можеме секој ден да имаме различни ставови во Парламентот и јас тие различни ставови секој ден ги почитувам, ама има црвени линии што не смееме да ги поминеме и заради нас и заради нашите деца. Очекувам од сите пристојни луѓе, кои верувам и сакаат добро на нашата татковина, да ја нацртаат својата црвена линија и во рамки на своите партиски органи. Извинете ако сум малку емотивна, но многу луѓе тој ден беа навистина на чекор до смртта. 

Ова е пораката од министерката за одбрана Радмила Шекеринска упатена во одговорот на новинарско прашање дали смета дека правдата е задоволена и за колегите новинари кои на 27 април во 2017 година известуваа од Собранието. 

Посочувајќи дека соочувањето со 27-ми април треба да се прави на две нивоа, Шекеринска потенцира дека едното ниво е законот и судските одлуки и очекува оти сите оние кои беа одговорни за насилство ќе одговараат, не само тие кои оперативно го координираа, рече, туку тие кои го дигнале телефонот и дале наредби.  

– Се разбира дека тоа значи и компензација и нотирање на жртвите, на сите тие кои беа повредени. Како некој кој си замина од Собранието и од Клиничкиот центар со неколку копци на главата тешко ми е да говорам за тој ден, не само заради крвта, и не само заради жртвите и опасноста, туку затоа што се уште не можам да поверувам дека тоа се случило во мојата земја. Се сеќавам и на средбите таа вечер со вашите колеги во салата каде се случи главниот напад. Се гледавме меѓу нас и мислевме дека е лош сон и не е возможно луѓе да имаат толку злосторнички ум. Би сакала да верувам дека овие судски постапки ќе имаат своја завршница и оти ќе покажат со прст и со одговорност кон оние главните, а не само кон извршителите и организаторите, изјави Шекеринска, која заедно со амбасадорката на САД, Кејт Брнз, денеска, во армискиот полигон „Криволак“ ги посетија припадниците на Армијата на Република Северна Македонија и на вооружените сили на САД, кои заеднички работат на изградба на нови содржини на полигонот, пред почетокот на меѓународната вежба, „Одлучен удар 21“. 

За второто ниво, истакна министерката Шекеринска, имаме поголема одговорност ние да зборуваме. Такви ситуации, наведе, можат да се случат и во други демократски држави, но за да не се повторуваат мора во еден глас да ги осудиме, а она што вчера го видов на улиците на Скопје, не беше осуда, тоа беше поддршка. 

Она што вчера го видов во Скопје е дека партијата што го создаде насилството, дури и вербално не сака да се огради од него. На 27 април 2017 година тоа беа воглавно наши глави, десеттина, 20, 30 луѓе. Ама ако во општеството и во државата се создава клима дека тоа е ОК и удираат аплаузи на такво насилство, утре ќе биде нечија друга глава, не само нашата. Судирот и осудата на насилството мора да биде дел од нашата политичка култура, кој и да бил нападнат, повреден и да бил на чекор до смрт, порача Шекеринска. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски не смее збор да изусти!

ВМРО-ДПМНЕ: Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава

Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски...

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе – Обвинителен акт против едно физичко лице и Обвинителен предлог против правно лице кои се товарат за продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик.

Жан Митрев може да добие затворска казна од 1 до 10 години

Обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен...

Левица во својата политичка иднина има две битки, а првото полувреме е со СДСМ, вели лидерот на Левица Димитар Апасиев во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“.

Апасиев: Црвениот тефтер ни е полн, ништо не забораваме!

Јавно кажуваме дека нема да им биде простено на тие параполициски структури кои што...

Дел од гостите само се заблагодарија за поканата, а дел ја искористија можноста да кажат дека дошле за поддршка.

„Се надевам дека во иднина она што е нормално, да се отвораат клубови кои ќе поврзуваат, а ние имаме многу со бугарскиот народ и дека вакви ликови коишто не поврзуваат ќе бидат имиња и на бугарските клубови во Македонија, а не како сега да ги сфаќаме како провокација.“

изјави Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица.
На улицата пред клубот тешко можеше да се разликува кој е дојден за поддршка, а кој за провокација. Отспротива, без присутни помал број поддржувачи на бугарската ВМРО-БНД. Меѓу новинарите, пак, се појави човек што се претстави како наследник на Вапцаров и се обиде да му подари книга на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

„Тука се е напишано, особено на последната страница си е напишано, тоа е ракопис на Никола Вапцаров каде што пишува кој е, што е.

–Ќе ви дадам јас една книга од нашата македонска историја што ја напишал Никола Јонков Впацаров за Македонија и неговиот македонски иднетитет. Следниот пат ви ветувам ќе ви дадам книга“,

објаснуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

(ВИДЕО) Бугарскиот суд го затвора здружението што го отвори македонскиот клуб во Благоевград

„Во ликвидација“ – пишува во досието на Централниот регистар на Бугарија покрај...