Од капелата ги носат цвеќињата, крстот, а дугарче на Вук држи говор. Тука е кошаркарската топка, симболот на љубовта на Вук кон кошарката.

Објавил: Весна Петровска | 27 септември, 2019 17:14

ШЕСТ ГОДИНИ ЧЕКАЊЕ И ШЕСТ ГОДИНИ НАДЕЖ: Згасна млад живот – мајката го гушка ковчегот и вришти

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

На Бежанските гробишта во Белград, најмилите, соседите, пријателите и школските другари на трагично настраданото момче се собраа да го поздрават за последен пат и испратат во вечната куќа.

Шест години чекање, шест години надеж… Се исчезна кога Вук Ерцег (16), по шест години во кома, во понеделникот на клиниката во Русија, веројатно несвесно последен пат ја притиснал раката на својата мајка па починал. И денеска, на Бежанските гробишта во Белград, најмилите, соседите, пријателите и школските другари на момчето се собраа да се поздрават со него.

Во капелата, покрај белиот ковчег, белиот крст, бело цвеќе. Невини бои како и невината младост која трагичната судбина ја прекина. Во капелата тивко и достоинствено, пишуваат српскит медиуми.

Од капелата ги носат цвеќињата, крстот, а дугарче на Вук држи говор. Тука е кошаркарската топка, симболот на љубовта на Вук кон кошарката.

Голема семејна трагедија во Србија, згасна млад живот

Се слушаат солзи и лелеци на Ирена Петровиќ која се протсува од својот единец. Мајката го гушка ковчегот и неутешно плаче по синот. Го однесе на клиника во Русија, на последна и долгоочекуваната интервенција која будеше надеж дека сепак ќе се разбуди од длабокиот сон. За жал, храброто срце на Вук не издржало. Борбата за живот ја изгуби во Москва, градот во кој е роден и каде ги помина првите седум години.

По говорот на друагрот, зборуваше и свештеникот, а потоа колоната со белиот ковчег тргнала кон вечниот дом.

Вук на 17 април 2013 година паднал во кома поради тешка повреда на главата која ја добил при пад на лице во парк.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.