Според судот тие го загрозиле уставниот поредок, предизвикале чувство на несигурност кај граѓаните и го нарушиле угледот на земјава.

Објавил: Владо Марин | 26 јули, 2021 15:19

Шест и пол години за Велјановски, 6,3 за Јанакиески и Ристовски, 6 години за Атанасовски

Фото/Текст извор: ©канал 5/магазин.мк

Судот ги прогласи за виновни за организирање на настаните од 27 април во Собранието поранешните функционери Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски.

Според судот тие го загрозиле уставниот поредок, предизвикале чувство на несигурност кај граѓаните и го нарушиле угледот на земјава.

Па така:

Пресуда – Организатори 27 април

Трајко Вељаноски – 6 годни и 6 месеци

Спиро Ристовски – 6 години 3 месеци

Миле Јанакиески – 6 години 3 месеци

Владимир Атанасовски – 6 години

Образложувајќи ја пресудата судијата Илија Трпков посочи дека сите обвинети требало да го оневозможат насилниот упад во законодавниот дом и да овозможат мирно предавање на власта. Факт за судот е дека екс премиерот Груевски повикал на протести, комуникацијата меѓу обвинетите не била во корист на нивната одбрана туку го поткрепиле сведочењето на Александар Василевски Нинџа. Изрекувајќи затворски казни пониски од минимумот од 10 години кои се предвидени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, судијата Трпков рече дека ги имал предвид сите околности меѓу кои и амнестијата.

Изготвиле план со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедност на Р. Македонија со акти на насилство за да оневозможат примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство и организирале протести кои материјално ги помагале. – Илија Трпков – Судија .

Обвинителката Гордана Смаќоска како што вели е изненадена од висината на казните и ќе ги обжали. При одмерувањето на висината на казната случајот го спореди со казната на екс шефицата на СЈО Катица Јанева.

Пресудата ќе ја обжали и одбраната за која и понатаму е спорно сведочењето на Нинџа.

Иако обвинителството поради опасност од бегство бараше ефективен, судот одлучи сите обвинети да останат во куќен притвор.

Обвинет за овој случај недостапни за судот останаа некогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и поранешниот вработен во УБК Никола Бошковски. За нив постапката е запрена до нивно пронапѓање.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика