Се погласни се официјалните гласноговорници на земјите членки на ЕУ, за создавање "безбедна" тампон зона во односите со САД, кои до сега се земаа "здраво за готово"

Објавил: Мирко Бачиќ | 3 септември, 2018 11:36

Шефот на германската дипломатија ги спореди САД со змија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, побара од Европската унија да се откаже од принципот на едногласно донесување одлуки за да не се најдат нејзините членки „како зајаци пред змија” поради санкциите воведени од САД.

Мас во интервјуто за Билд го критикуваше американскиот претседател  Доналд Трамп за изјавата дека ЕУ е непријател на САД.

–  Во случај на економски санкции или воведување царини, не треба да седиме како зајаци пред змија, нагласи германскиот министер.

Тој увери дека Европа не е поделена, потсетувајќи на единствената реакција на Унијата за воведувањето на царини на САД и повлекувањето на Вашингтон од иранскиот нуклеарен договор.

Мас, исто така, ја нагласи потребата за промена на начинот на кој се носат важни одлуки за надворешна политика на ЕУ, бидејќи сегашното правило за едногласно донесување одлуки, според него, доведува до зголемување на тензиите во самата Унија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.