Нивна цел беше да ме осудат, а потоа да ме убијат. Три пати се обидоа да ме убијат и се обидоа со чудни лекови да ми го загрозат здравјето.

Објавил: admin@magazin | 22 април, 2019 20:59

ШЕШЕЉ после 12 години откри како преживеал во ХАГ- Сакале да го убијат со чудни лекови и лажна дијагноза!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Лидерот на радикалите Воислав Шешељ, тврди дека во Шевенинген се обиделе да го убијат на многу чуден начин, со чудни лекови, лажна дијагноза и одлагање на операции.

Лидерот на српските радикали, Воислав Шешељ, тврди дека додека се наоѓал во затворската ќелија во Шевенинген, се обиделе да го убијат со многу чудни лекови и лажна дијагноза.

Нивна цел беше да ме осудат, а потоа да ме убијат. Три пати се обидоа да ме убијат и се обидоа со чудни лекови да ми го загрозат здравјето. Таму не беше безбедно за затворениците од Србија, изјави Шешељ и додаде дека еднаш се спасил од смрт, бидејќи одбил да одбие лек кој му се причинил како необичен.

Лекови не постојат кај затворениците, туку кај стражарите. Лековите се спакувани во пластични кутии и така им ги предаваат на затворениците. Ги носат во ќелиите и ги даваат на рака, а стражарите не излегуваат додека лековите не се испијат со чаша вода, како би биле сигурни дали се проголтани„ 

„Јас како искусен затвореник во првото време поверував во таа приказна. Едно утро ги изброив и видов еден чуден лек и направив хаос. Кога ја направија истрагата, утврдија наводно дека медицинската сестра направила грешка. Таа тврдеше дека не е крива. Чудна ми беше целата ситуација се обидоа да ме убијат„

Во периодот 1996–1998 бил претседател на советот на општина Земун, а во периодот 1998–2000 бил вицепремиер на српската влада. Шешељ своеволно се предал на Хашкиот трибунал во февруари 2003 за судење против обвинувањата за злосторства против човештвото и прекршување на правилата на војување за време на војната во Југославија, но неговото судење почнало дури во ноември 2007. Судскиот процес бил контроверзен: Шешељ штрајкувал со глад еден месец поради тоа што судот го одбил неговото барање да се брани без адвокат, потоа ги навредувал судиите и обвинителите за време на рочиштата, го откривал идентитетот на некои од заштитените сведоци, а не повикал ниту еден сведок да сведочи во негова одбрана.

По речиси 11 години минати во затворот во Шевенинген, Шешељ во ноември 2014 бил пуштен на слобода поради нарушеното здравје и се вратил во Србија. Судот во март 2016 донел ослободителна пресуда во негово отсуство. Шешељ себеси и поддржувачите на својата партија ги опишува како „шовинисти кои мразат Хрвати“.

Паравоената формација „Бели орли“ која била обвинета за воени злосторства против Хрватите за време на војната во Босна и Херцеговина била поврзана со партијата на Шешељ. Шешељ го поддржувал Слободан Милошевиќ во раните 1990-ти, а во 1998 станал вицепремиер во „владата на национално единство“ која учествувала во Косовската војна.

Шешељ се залагал „голема Србија“, држава која би ја опфаќала целата територија на СФР Југославија без Словенија и северните делови од Хрватска. Тој има напишано околу 200 книги кои го содржат неговите политички размислувања и интервјуа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.