Воислав Шешељ на телевизија Пинк изјави дека во тек е план за убиство на претседателот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 март, 2019 10:59

Шешељ со загрижувачки информации: Во тек е план за убиство на српскиот претседател

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Вчерашните демонстрации во Белград, доведоа до сурир на демонстрантите и полицијата пред зградата каде претходно се обрати претседателот Алаксандар Вучиќ.

Шешељ за ТВ Пинк најави дека во тек е план за убиство на претседателот на Србија

Додека траеле протестите Воислав Шешељ на телевизија Пинк изјави дека во тек е план за убиство на претседателот. Шешељ на ТВ пинк изјави дека никогаш не видел вакво насилство, и дека моторна пила е многу поопасна од пиштол.

Инаку вчера по упадот на демонстрантите во националната РТС, пред српскиот народ се обрати претседателот Александар Вучиќ кој изјави дека воопшто не стравува од никого. Тој вели дека ваквото сценарио е со поддршка од Приштина и дека Србија нема да дозволи насилства. Вучиќ порача дека сите оние кои се подготвени со насилство да решаваат проблеми, да бидат подготвени и на понатамошни последици.

Тој за демонстрантите изјави дека дозволено е да протестираат се додека тоа не доведе до насилство. Вучиќ вели дека токму тоа се случило вчера, бидејќи не можеле да влезат кај него затоа демонстрантите насилно упаднале во РТС и им се заканувале на исплашените дами.

Тој порача дека не се плаши, вели дека може да го изгуби животот но ништо повеќе од тоа, но Србија ќе остане стабилна земја и нема да дозволи никој со насилство да решава проблеми. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.