Шеќеринска рече дека во ниту еден момент не била доведена во ситуација да поддржува или да овозможува криминал и корупција.

Објавил: admin@magazin | 15 август, 2019 12:38

ШЕЌЕРИНСКА: „Аферата „Рекет“ е доказ дека оваа држава се промени и дека сите се исти пред законот“

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска не даде конкретен одговор на прашањето дали била на гости кај неформалниот сопственик на 1ТВ, Бојан Јовановски, познат како Боки 13, осомничен во аферата Рекет.

Шеќеринска рече дека во ниту еден момент не била доведена во ситуација да поддржува или да овозможува криминал и корупција.

„Аферата „Рекет“ е доказ дека оваа држава се промени и дека сите се исти пред законот“, изјави министерката Радмила Шеќеринска, коментирајќи ги и снимките кои во јавноста се поврзаа и со нејзиното име.

„Многу лаги беа кажани, ама ако тргнеме на секоја од тие лаги да реагираме, ќе дозволиме криминалците да се скријат, а ние да се занимаваме со оговарање. Затоа и јас и сите мои колеги ја поддржуваме истрагата и сакаме да кажеме дека на никој начин и во ниту еден момент не сме се довеле во ситуација да поддржуваме или да овозможуваме криминал и корупција “, рече Шекеринска.

Министерката ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека ако сака вистински да даде поддршка во процесите, да го поддржи законот за Јавно обвинителство.

Шеќеринска денеска во Скопје се сретна со командантот на националната гарда на сојузната држава од САД Вермонт, аѓутант генерал Грегори Најт. Двајцата изразија задоволство од досегашната 25-годишна соработка меѓу АРМ и Националната гарда на Вермонт.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.