Да кажеме дека и мислењето е почитувано, а и граѓаните во оваа држава, без разлика дали се Македонци, Албанци или сите други, се позадоволни“, рече Шекеринска.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 декември, 2019 13:15

ШЕЌЕРИНСКА: Венецијанската комисија има полиберален став, ќе го разгледаме предлогот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заменик – претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска, на денешната прес конференција истакна дека јазичните права се права кои ја градат кохезијата во државата. 

Шекеринска рече дека како Влада побарале од Венецијанската комисија да им достави мислење по законот и да им достави мислења по две прашања кои ги оставивиле за отворени.

Кога ќе го добиеме сето ова, ќе го извлечеме најдобриот можен резултат за сите граѓани, рече Шекеринска.

„Она што можев да го прочитам во соопштението се однесуваше на голем прашалник околу судските постапки, а според тоа што го слушнав, во поглед на другите прашања Венецијанската комисија има полиберален став. Тоа ни дава шанса, ако сакаме да најдеме добри решенија, да ги најдеме. Да кажеме дека и мислењето е почитувано, а и граѓаните во оваа држава, без разлика дали се Македонци, Албанци или сите други, се позадоволни“, рече Шекеринска.

– Според тоа што имавме прилика директно да го прочитаме, а не да го видиме толкувано од страна на некој, за некои прашања имаат дилеми, за некои прашања нема дилеми, за некои прашања Венецијанската комисија оди и чекор напред. 

Министерката рече дека покажале дека ова прашање не е табу и покажале дека ова прашање сакаат да го решат како држава која навистина гради едно општество за сите.

Не веруваме во еднократно менување на овие важни закони, но веруваме дека сите партнери во коалицијата ќе го почитуваме тоа што сме си го презеле како обврска на почетокот. Сметаме дека ова не е прашање кое треба повторно да ја дели државата. Видовме како неодговорни политичари не доведоа на раб на војна создавајќи страв кој беше нереален, рече Шекеринска. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести