Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, денот го посвети на војниците кои служат на мисиите во странство. Потсети дека од минатогодишната прослава, до денес се смениле многу работи во секторот одбрана.

Објавил: Рејхан Бајрами | 18 август, 2019 16:12

ШЕЌЕРИНСКА: “Веќе ги одбројуваме деновите до полноправно членство во НАТО”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Зад нас е успешна година, а следната ќе биде уште поуспешна. Политичарите испратија пораки полни со оптимизам, на Денот на Армијата. Во говорите, акцент ставија на стратешката цел на земјата – членството во НАТО.

Патот кон НАТО е изоден преку макотрпни реформи, лични вложувања и максимална посветеност на генерации и генерации припадници на вооружените сили.

До денес, оваа стратешка цел претставува еден од најголемите кохезиони фактори во нашето општество, поддржан од широк национален консензус зад кој стојат сите релевантни политички партии, огромно мнозинство граѓани од сите етнички заедници, а силна поддршка даваат и невладиниот сектор и бизнис-заедницата’, изјави претседателот Стево Пендаровски.

Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, денот го посвети на војниците кои служат на мисиите во странство. Потсети дека од минатогодишната прослава, до денес се смениле многу работи во секторот одбрана.

Од минатогодишната прослава на денот на нашата Армија се случија многу работи. Историски работи за нашата држава. Веќе одбројуваме до полноправно членство во НАТО и ги вршиме последните подготовки. Го изработивме долгорочниот план за развој на одбранбените способности кој ги постави условите на модернизација. Ги менуваме клучните закони и ги воведуваме НАТО стандардите и НАТО правилата, рече министерката Шеќеринска

И Министерката за одбрана како и Претседателот, потенцираа кој е клучниот чекор во реформите кон НАТО-алијансата.
Од оваа говорница тие потсетија дека клучен чекор за државата да го отвори патот и да стане 30 членка на НАТО, е решавањето на спорот околу името со Грција, преку потпишување на Преспанскиот договор.

Прославата за денот се одржа во Охрид. Беа присутни сегашни и поранешни заслужни членови на Армијата.

Од политичарите прв дојде министерот за внатрешни Спасовски, а по него дојде и министерката за одбрана Шеќеринска заедно со Претседателот на државата. Пенадровски ги одликуваше со медали за заслуги Сквадронот на транспортни хеликоптери и Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести