Лагите не доведоа до насилство, ниту јас ниту вие говорите албански, поминаа две години од носење на законот за јазици, државата нестана двојазична и не се подели, тоа се само лаги сервирани во националистичка обланда, рече Шекеринска.

Објавил: Владо Марин | 10 јули, 2020 6:07

ШЕЌЕРИНСКА: ВМРО-ДПМНЕ не направи ништо, ни еден чекор, ни на тема НАТО ни на тема ЕУ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Престанавме дома да си играме со националистички договорени игри. Покажавме дека тоа едно општество за сите може да биде подобро општество за сите, рече Шекеринска во „Само вистина“ на Канал 5!

Лагите не доведоа до насилство, ниту јас ниту вие говорите албански, поминаа две години од носење на законот за јазици, државата нестана двојазична и не се подели, тоа се само лаги сервирани во националистичка обланда, рече Шекеринска.

Кога човек ја вади „етничката“ карта, знајте дека нема што друго да им понуди на граѓаните. Дали верувате дека било кој во ДУИ реално навива и работи Насер Зибери да биде Премиер, праша Шекеринска.

На темите ЕУ и НАТО ако го споредите нашиот резултат со резултатот на ВМРО ДПМНЕ не можете тоа да го направите оти нема резултат значи ВМРО ДПМНЕ во 11 години успеа само она што го оставивме во 2005 кандидатскиот статус да го зачува до крај пак да ни го даде. ВМРО-ДПМНЕ не направи ништо, ни еден чекор, ни на тема НАТО ни на тема ЕУ, истакна носителката на листата на коалицијата „Можеме“ во петата изборна единица, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, во емисијата „Само вистина“ на Канал5 телевизија.

Покажавме дека знаеме да ги решаваме стратешките прашања, во иста година имаме членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ, но јас не мислам дека темите НАТО и ЕУ се главниот резултат, главниот резултат на оваа Влада е што во 2,5 години ставивме темел на една нормална држава која има шанса за успех и тие темели се неколку, истакна Шекеринска.

Едно е дека престанавме дома да си играме со националистички договорени игри. Покажавме дека тоа едно општество за сите може да биде подобро општество за сите, рече Шекеринска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.