Членството во НАТО ќе го искористиме во полза на државата и одбраната. Ќе покажеме дека можеме уште подобро!

Објавил: Владо Марин | 31 август, 2020 6:23

Шеќеринска: Во 2017 затекнав затворена институција, низок буџет, искинати униформи, ниски плати, а денеска сликата е поинаква!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Новиот премиер Зоран Заев, даде изјава за медиумите веднаш по изборот на Владата во Собранието. Тој се заблагодари на сите за довербата, и рече дека сега следува период на голема трансформација и европеизација на Македонија.

Со изборот на Владата го комплетираме изборот на ефикасни институции, кои ефикасно ќе работат на намалување на последиците од коронавирусот. Институции кои сите нас ќе не водат во почитување на мерките, и во заштита од невидливиот непријател, рече Заев!

Прв приоритет ќе биде продолжување на антикризните мерки, за уште поголема помош на граѓаните и економијата. Намалување на последиците од коронавирусот, ќе биде во фокусот на работата на новата Влада, изјави Заев!

Додека пак Шеќеринска изјави дека со голема чест и посветеност го почнувамвториот мандат како министерка за одбрана.

Во 2017 затекнав затворена институција, низок буџет, искинати униформи, ниски плати, целосно занемарена Армија. Денеска сликата е поинаква.
Членка на НАТО, со двојно поголем буџет, зголемени плати, први во транспарентноста, со нови униформи и опрема.
Не застануваме тука, рече Шеќеринска!

Членството во НАТО ќе го искористиме во полза на државата и одбраната. Ќе покажеме дека можеме уште подобро!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести