Министерката се осврна на кадровските решенија, како и на зголемување на платите во Армијата, а од септември и за нив и за сите во МО платите ќе бидат зголемени за уште пет отсто.

Објавил: Рејхан Бајрами | 2 јуни, 2019 15:48

ШЕЌЕРИНСКА: “За две недели суперсоничен воен авион Б–52 на НАТО ќе лета над МАКЕДОНИЈА„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, на денешниот форум рече дека Македонија успеала да стане единствената држава во регионот која нема ниту едно отворено прашање со своите соседи и тоа да се води паралелно со тешки, непопуларни, захтевни, понекогаш и скапи реформи.

Министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, на денешниот форум изјави дека денеска Македонија е држава со потпишан протокол за пристапување кон Алијансата и тоа според министерката, веднаш создаде позитивна инвестициска и економска клима.

– Денеска две години по формирањето на оваа Влада како држава можеме да кажеме дека направивме правилна и вистинска проценка и го сработивме тоа што беше неопходно – внатрешни реформи во комбинација со регионални решенија.

Шеќеринска зборуваше за кадровските решенија, а исто така и за зголемување на платите во Армијата на Република Македонија, а од септември оваа година и за нив и за сите во МО платите ќе бидат зголемени за уште пет отсто.

Министерката најави дека денеска попладне во Скопје ќе пристигне комплетниот воено-политички врв на НАТО предводен од генералниот секретар на Алијансата, а утре ќе одржат важни состаноци и разговори за членство на Македонија во НАТО. Тоа пред две години беше само илузија, рече министерката.

 За приближно две недели од сега еден од најсофистицираните одбранбени и воени капацитети на НАТО суперсоничниот Б – 52 воен авион ќе ја надлета нашата земја салутирајќи и на својата најнова членка. Тоа што сме одбрани да бидеме земја домаќин на една голема воена вежба како „Одлучен удар“ во која ќе учествуваат не само НАТО сили туку и сериозни НАТО капацитети зборува исто така каде бевме а каде сме денес – рече министерката за одбрана Шекеринска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.