Денеска и на македонското небо можевме да видиме дека е точна тезата „Ние сме НАТО", Република Македонија стана 30 членка на НАТО после 30 годишни напори.

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 мај, 2020 13:05

ШЕЌЕРИНСКА: И на небото потврдивме- „Ние сме НАТО”, станавме 30 членка на НАТО после 30 годишни напори.

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Американските авиони „Б1“ полетаа од Јужна Дакота вчера и до Македонија беа во непрекинат 30-часовен лет.

Денеска и на македонското небо можевме да видиме дека е точна тезата „Ние сме НАТО”, Република Македонија стана 30 членка на НАТО после 30 годишни напори.

Ова го изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска откако денеска американски воени авиони со прелет над Скопје „Добредојдовте во НАТО” го поздравија членството на Република Македонија во Алијансата.

– Како резултат на нашето членство во НАТО заедно сме посилни и тезата „Ние сме НАТО” веќе не е парола, туку навистина е реалност што ја унапреди и стабилноста, но и шансите за економски раст на нашата држава, потенцира Шекеринска. Таа порача дека се подготвивме, знаевме што сакаме и денеска можеме да учествуваме во ваква операција бидејќи навистина сме дел од НАТО.

– На дело и на секој тест покажуваме дека нашето членство го заслуживме, со реформи, со соодветни одлуки, меѓутоа и со многу неуморна работа на бројни припадници на Армијата и на други институции во државата, изјави Шекеринска.

Авионите на грчкото воено воздухопловство беа ловци од типот „Ф16“, а американските од типот „Б1“ кои вчера полетаа од Јужна Дакота и по 30 часовен лет и танкирање гориво во воздух претпладнево ја надлетаа и Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести